Достапни линкови

logo-print

Атанас Николовски најдобар спортист


Кајакарот Атанас Николовски

Кајакарот Атанас Николовски

Најдобар македонски спортист за 2010-та година е кајакарот Атанас Николовски.

Ова е епилогот на севкупното гласање на спортските федерации, новинарите, граѓаните и стручната комисија на Агенцијата за млади и спорт, по што Спортскиот оскар за годинава замина во рацете на освојувачот на седмото место на Светското првенство во Словенија, потоа на бронзениот медал од Балканскиот шампионат, па победникот на Илинденскиот кајак слалом, како и кајакарот кој по десетти пат стана првак на Македонија. Со секој од овие
За секој спортист тоа претставува една награда што ја очекува целиот живот. Да бидете признаен пред јавноста на својот македонски народ тоа е од огромно значење, но секако тоа претставува и обврска за мене за да го оправдам првото место.
успеси нашиот олимпиец потврдуваше дека ја има најуспешната година во кариерата, што на крајот беше крунисано и со трофејот.

„За секој спортист тоа претставува една награда што ја очекува целиот живот. Да бидете признаен пред јавноста на својот македонски народ тоа е од огромно значење, но секако тоа претставува и обврска за мене за да го оправдам првото место“, изјави Николовски.

Сепак, тој нема многу простор за опуштање и во овие денови на славење. Му претстои напорна сезона во која го очекуваат настапи на многу значајни натпревари. Затоа, тој веќе два месеци е во тренажен процес, кој ќе се засили од недела, со работа во Скопје, а од средината на наредниот месец.

„Подготовки во Бугарија, тоа се зимски подготовки, а после тоа се заминува за Австралија. Потоа следуваат неколку натпревари во Европа итн“, додаде Николовски.

За него токму Мундијалот во Братислава во септември е главниот настан догодина. Тоа, заедно со првенството во Германија по 17 месеци, ќе бидат двете Светски првенства на кои ќе се брка норма за пласман на ОИ во Лондон. За добивање олимписка виза на Атанас ќе му биде доволно да потврди дека е седми во светот, но тој е убеден дека може и повеќе.

„Јас сум голем оптимист за тоа дека уште на првиот натпревар ќе обезбедиме олимписка норма, така што јас ја гледам Македонија на ОИ во Лондон во дисциплината кајак на диви води“, истакна на крајот спортистот кој 2010-та ќе ја памети и по раѓањето на, сега, едноиполмесечниот син Павел, кому му го посвети Спортскиот оскар.
XS
SM
MD
LG