Достапни линкови

logo-print

ММФ и порача на Владата да штеди


Министерот за финансии Зоран Ставрески, шефот на мисијата на ММФ Вес Мекгру и гувернерот на Народна банка Димитар Богов.

Министерот за финансии Зоран Ставрески, шефот на мисијата на ММФ Вес Мекгру и гувернерот на Народна банка Димитар Богов.

Од ММФ велат дека постои ризик состојбата во еврозоната да се одрази и во земјава, па затоа Владата треба да се насочи на приоритетни проекти.

Различни проекции на ММФ и Владата за економскиот раст на земјава во наредната година. Претставниците на фондот кои во изминативе две недели беа во посета на Македонија очекуваат раст од два насто за разлика од Владата која е пооптимистична и предвидува раст од четири ипол насто. Шефот на мисијата Вес Мекгру вели дека постои ризик состојбата во еврозоната да се влоши и тоа ќе влијае и врз Македонија.
Според нашите очекувања порастот ќе биде значително понизок од она што е предвидено во буџетот и претпоставуваме дека и приходите ќе бидат пониски од она што е предвидено во буџетот.

„Според нашите очекувања порастот ќе биде значително понизок од она што е предвидено во буџетот и претпоставуваме дека и приходите ќе бидат пониски од она што е предвидено во буџетот. Ги поттикнуваме властите да ги следат случувањата коишто ќе се одвиваат со цел да може брзо да реагираат и соодветно да реагираат со расходите за да се надоместат оној помал износ на приходи.“

Министерот за финансии пак Зоран Ставревски вели дека тие го почитуваат ставот на ММФ. Но според него нормално е Владата да има различни проекции, кои се понеконзервативни и вакви ситуации имало и во други земји.
Завршна конференција по посетата на мисијата на ММФ во Македонија

Завршна конференција по посетата на мисијата на ММФ во Македонија


Ставревски со ММФ само се сложи дека се зависи од економските текови во еврозоната.

„Најважното прашање овде е да се биде проактивен во било каква ситуација. Која проекција ќе се исполни ќе покаже развојот на настаните, тоа зависи пред се од Европа и во еден дел од поликитите кои ги имаме во земјата.“
Најважното прашање овде е да се биде проактивен во било каква ситуација. Која проекција ќе се исполни ќе покаже развојот на настаните, тоа зависи пред се од Европа и во еден дел од поликитите кои ги имаме во земјата.

Според Мекгру, доколку е потребно да се намалат расходите, тогаш ќе мора некои проекти на Владата да се одложат, но конкретно кои не можеше да издвои.

„Доколку е потребно Владата може да ги утврди приоритетните проекти кои би ги спровела и исто така би ги имала предвид некапиталните делови од буџетот.“

Ставрески вели дека Владата дисциплинирано ги спроведува политиките и ако треба буџетот ќе претпри прилагодување во текот на годината.

„Сепак треба да се постигне оној баланс меѓу мерките на рестриктивност и економскиот раст сепак да не се целосно сузбие. Реализацијата на проектите во текот на годините и на буџетот на сите ставки на расходната страна ќе покаже ако има ќе се интервенира така каде што ќе има послаба реализација или понефикасна реализација.“

ММФ и препорача на Владата во иднина да го подобри домашниот пазар на долг кој мора да биде позначаен извор на финансирање на дефицитот со цел Македонија да не биде зависна од надворешно финансирање.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG