Достапни линкови

logo-print

Недоволен економски раст


Проценките на ММФ дека економскиот раст во Македонија до 2016 година ќе биде четири насто не е доволен за развој на домашната економија, велат експертите

Проценките на ММФ дека економскиот раст во Македонија до 2016 година ќе биде четири насто не е доволен за развој на домашната економија, велат експертите

И четири отсто економски раст, според предивидувањата на ММФ, не е доволен за раздвижување на домашното стопанство, велат економските експерти.

Проценките на ММФ дека економскиот раст во Македонија до 2016 година ќе биде четири отсто не е доволен за раздвижување на домашната економија, велат експертите. ММФ предвидува дека годинава БДП во земјава ќе изнесува 3,7 насто, а инфлацијата од 4,4 насто.
Приоритет треба да биде инвестирање во високи технологии, во извозни производи кои се со висок степен на знаење, а земјоделството тоа очигледно не е.

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека ни требаат стапки кои ќе бидат многу повисоки, подинамични и поиздржливи, бидејќи со толкав процент на сиромаштијата и невработеност нема да има промена на состојбата на економски план. Според него, власта треба најпрвин да се ориентира кон долгорочна економска политика, бидејќи инвестициите во последниве четири години се сведуваат само на изградба на плоштади, споменици и музеи.
Приоритет треба да биде инвестирање во високи технологии, а земјоделството тоа не е, вели професорот Никола Поповски.

„Она што треба секој да го знае, а владата да го прави и да стане дел од нашата стварност е дека владата инвестира во енергетика, инфраструктурен сообраќај, патишта, железница, ИТ структура на Македонија итн. Второ, да ја прилагоди фискалната политика, нашата фискална политика е ориентирана кон покачување на плати, пензии, социјални давачки, субвенции во земјоделството, а таа треба да биде ориентирана кон развој, кон отварање на нови работни места.“

Поповски додава дека секторски е промашена еконoмската политика на власта, бидејќи најголемите субвенции одат во земјоделието кое не обезбедува висок раст.
Треба уште повеќе да се развива инвестирањето во земјата, како од домашните инвеститори, така и од странските.

„Приоритет треба да биде инвестирање во високи технологии, во извозни производи кои се со висок степен на знаење, а земјоделството тоа очигледно не е. Значи со ваква економска политика која ништо не менува, која се однесува само да добие некакви изборни победи, тешко дека ќе постигнеме стапки и од 4 отсто.“

Поранешниот гувернер на НБРМ, Љубе Трпески вели дека треба да се подобри бизнис климата и за домашните и за странските инвеститори.

„Треба уште повеќе да се развива инвестирањето во земјата, како од домашните инвеститори, така и од странските. Јас се залагам да се изедначуваат во односот на владата како што се има кон странските инвеститори истото да се случува и со домашните инвеститори.“

Трпески смета и дека мора да се промени монетарната стратегија на задржување на фиксниот курс на денарот.

„Да се оди на де факто задржување на фиксниот курс, не овозможува поголем раст бидејќи е концентрирана да го брани курсот по секоја цена.“

Од ММФ предупредија дека проблемите во дел од земјите од еврозоната би можеле да се прошират и на остатокот од Европа и во САД.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG