Достапни линкови

Економски проекции за политички поени?


Различните прокции за економскиот раст на владата и ММФ според економисти,се должат на тоа што и буџетот е политички маркетинг.

Проекциите за догодинешниот економски раст, кои дел од стручната јавност ги смета за амбициозни, значајно се разликуваат од предвидувањата на неколку други релевантни институции. Меѓународниот монетарен фонд, чија делегација од денеска престојува во земјава, за догодина предвидува раст од 2.7 проценти, спротивно на владините проекции на 4.5 проценти. Министерот за финансии треба да ја објасни методологијата со која е направена проекцијата, смета економскиот аналитичар Висар Адеми:

„Дури јас читам извештаи од други релевантни организации коишто велат дека растот во Македонија за следната година би бил меѓу 2,3 и 2,4% така што оваа разлика мислам дека треба државата и министерот Ставрески да ја објасни, врз база на кој бизнис модел или економски модел ја подржува оваа информација.“
Меѓународниот монетарен фонд, чија делегација од денеска престојува во Македонија, за догодина предвидува раст од 2.7 проценти

Меѓународниот монетарен фонд, чија делегација од денеска престојува во Македонија, за догодина предвидува раст од 2.7 проценти


Министерот за финансии, во изјава за медиумите само посочи дека нормално е Владата да има повисоки приоекции за раст од Народната банка, институција која исто така предвиде понизок раст за догодина од оригиналните проекции. Мора да се земат предвид и проекциите за економски раст на економиите во регионот со кои Македонија има добри бизнис врски, вели Адеми

„Сите тие имаат околу еден до 1,7% раст и јас не гледам како Македонија би била шампион во регионот ако нема некоја капитална инвестиција или бизнис модел со кој што тој раст би ја подобрил бизнис климата.“
Дури јас читам извештаи од други релевантни организации коишто велат дека растот во Македонија за следната година би бил меѓу 2,3 и 2,4% така што оваа разлика мислам дека треба државата и министерот Ставрески да ја објасни, врз база на кој бизнис модел или економски модел ја подржува оваа информација.

Во последно време актуелни се задолжувањата, пари кои власта ги троши за санирање на буџетскиот дефицит и тековните расходи, трошоци кои според економистите се непродуктивни. За илустрација, дел од кредитот кои владата го зема од ММФ се трошеше пред последните избори за санирање на буџетските потреби. Последниот кредит од „Дојче Банк“ и „Сити Банк“ се наменува за крпење на буџетскиот дефицит.

Понатаму, ребалансите на трошоците од народната каса, кои се случуваат во изминативе неколку години, го поставуваат прашањето дали власта на почетокот на годината прави поамбициозни планови со цел да собере политички поени? Политикологот Здравко Савески ја посочува потребата од независна анализа:

„Како и многу работи и презентацијата на проекциите за Буџетот се користат за политички маркетинг во Македонија. Она што на Македонија и треба и треба некоја организација која ќе се занимава со проучување реално на буџетските анализи кои ги презентира владата.“

Кај нас не се лоцира политичка одговорност за неточните предвидувања, посочува Савески:

„На крајот од годината кога се усвојува новиот буџет за следната година кога граѓаните се најконцентрирани околу тоа како ќе изгледа буџетот тогаш се користат некои ’нашминкани‘ податоци. Тоа е проблем во Македонија и треба да се има политичка одоговорност за се што се прави вклучително и создавањето на давањето на предлог буџетот. Кај нас не се лоцира полтичка одговорност за неточни извештаи и предвидувања.“

Инаку наспроти очекувањата на власта за раст од четири и пол проценти, Светската банка проектира 2.5 проценти, ММФ излезе со 2.7 отсто додека Народната банка очекува околу 3 проценти раст на економијата догодина.
XS
SM
MD
LG