Достапни линкови

Поради кризата во Грција, прашањето за името веќе не е ниту на агендата на грчката политика, но тоа не смее да биде наше алиби за пасивност, сметаат експертите.

Едно е сигурно, кризата во Грција, како економска, така и политичка го комплицира процесот за изнаоѓање решение за името велат дел од експертите.
Ова прашање веќе не е ниту на агендата на грчката политика, како второ никаков притисок ниту влијание поточно речено не се врши врз Грција да бара излез и решение со нас и трето во таква ситуација, целиот притисок е концентриран на нас.

Не треба да има дилеми дека додека трае кризата во Грција со ваков интензитет, може да се најде прифатливо решение за спорот, вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

„Ова прашање веќе не е ниту на агендата на грчката политика, како второ никаков притисок ниту влијание поточно речено не се врши врз Грција да бара излез и решение со нас и трето во таква ситуација, целиот притисок е концентриран на нас.“

Министерот за надворешни работи Никола Попоски се надева дека во декември, Советот на ЕУ ќе и даде на Македонија датум за почеток на преговори и ќе се врати на старата методологија билатералните спорови Наместо затскривање зад грчките проблеми, експертите велат дека треба да се води поактивна надворешна политика

Наместо затскривање зад грчките проблеми, експертите велат дека треба да се води поактивна надворешна политика

да се решаваат во текот на процeсот на преговори. Попоски смета дека постои и можност новата грчка влада на национално единство во која се вклучени и власта и опозицијата, да прифати процесот да се одблокира. Со тоа Атина би покажала поголема конструктивност, вели Попоски.
Но, аналитичарот Исмет Рамадани се сомнева дека Грција може да се сложи да го облокира процесот.

„Затоа што Грција сега како земја е фрустрирана поради економската, па сега и политичка внатрешна криза и нема да има некое посебно расположение за разговори со Македонија.“

Со една ваква политика ги изгубивме сега и симпатиите од тие раководни структури и во НАТО и во ЕУ затоа што тие ни сугерираа цело време да не правиме некои провокативни потези во однос на античката историја, градење на споменици.
Рамадани вели дека Македонија не треба да се затскрива зад проблемите на Грција, туку да покаже политичка волја и да води поактивна надворешна политика.

„Со една ваква политика ги изгубивме сега и симпатиите од тие раководни структури и во НАТО и во ЕУ затоа што тие ни сугерираа цело време да не правиме некои провокативни потези во однос на античката историја, градење на споменици, меѓутоа нашата влада одеше со глава во ѕид.“

Нашата страна треба да ја искористи ситуацијата, да докаже дека не треба да се блокира земјата, и да побара одложување на решението за три до пет години, затоа што до тогаш некаков потег од Грција не може да се очекува, вели Никовски. Македонија има аргументи да докаже, а и на меѓународната зедница не и одговара земјата да биде оставена во ќор-сокак, вели тој.

„Состојбите во регионот се уште не се расчистени, во ничиј интерес не е тука да се загрозуваат состојбите, мирот и безбедноста пред се и да се создаваат нови крајно непријатни состојби за Европа и светот.“

Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс, пред неколку денови рече дека кризата во која се наоѓа Грција, ги комплицира сите политички и економски процеси кои се поврзани со Македонија. Но, дека тоа не значи дека не може да се работи на решавање на проблемот за името, но, смета дека тоа нема да биде лесно.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG