Достапни линкови

logo-print

Волерс: Состојбата во Грција влијае на процесите


Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс во посета на Македонската берза АД Скопје.

Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс во посета на Македонската берза АД Скопје.

Моменталната ситуација во Грција влијае на секој друг процес, а не само на прашањето за името, но тоа не значи дека не може да се работи на негово решавање, изјави амбасадорот Пол Волерс во рамки на посетата на Македонската берза.

Македонските компании поради економската криза треба на локалната или меѓународните берзи да гледаат како на извор на финансирање, рече првиот човек на македонска берза Иван Штериев по средбата со американскиот амбасадор Пол Волерс. Според него и во овој турбулентен период тие ја извршуваат својата функција непречено и ефикасно.
Секако, ние не сме кренале раце од прашањето за името. Процесот во рамките на Обединетите нации продолжува. Нашиот став во однос на тоа прашање останува непроменет.

„Генерално сметам дека токму состојбата после финансиската криза не само во нашата економија туку и пошироко, ќе принуди некои од компаниите да не се потпираат само на банкарско финансирање туку да гледаат и да прават некој соодветен микс и да ги гледаат пазарите на капитал како алтернативен избор.“

Штериев додава дека не ја исклучува можноста за регионално Во услови на економска криза берзите можат да бидат алтернативен извор на финансирање, вели Иван Штериев директор на Македонската Берза

Во услови на економска криза берзите можат да бидат алтернативен извор на финансирање, вели Иван Штериев директор на Македонската Берза

здружување на берзите.

„Знаете дека е тоа тема актуелна повеќе години. Очигледно е дека модусите за поцврстување регионално поврзување не е лесна работа да се пронајдат, но ние уште еднаш ќе го повториме нашиот став дека ние како Македонска Берза сме подготвени да работиме во таа насока и можам да кажам дека сме едни од проактивните во тој дел.“

Волерс истакна дека процесот на создавање на капитал и развој на соработка е клуч за економскиот успех на секоја земја, како и на Македонија.
Финансиската криза не само во нашата економија туку и пошироко, ќе принуди некои од компаниите да не се потпираат само на банкарско финансирање туку да ги гледаат и пазарите на капитал како алтернативен избор.

„Јас сум многу задоволен што дека Американската агенција за национален развој игра важна улога како партнер во развојот на берзата и во тренинг на вработените и е одличен пример како двете земји можат да соработуваат во еден корисен проект за Македонија.“

На прашањето како кризата во Грција ќе влијае врз спорот со името Волерс рече дека земјата има многу прашања кои треба да ги реши и поради тоа се комплицира напредокот во било кој процес.

„Секако, ние не сме кренале раце од прашањето. Процесот во рамките на Обединетите нации продолжува. Нашиот став во однос на тоа прашање останува непроменет.“

Според Волерс, за американските компании да инвестираат во Македонија најпрвин треба да се решат прашањата кои го кочат напредокот, како и земјата да стане членка на евроатланското семејство.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG