Достапни линкови

Градинките во Тетово преполни


Илустрација: Градинка.
Илустрација: Градинка.

Недоволниот простор и кадар се проблемот со кој се соочува општинската јавна установа детски градинки "Младост" во Тетово.

Капацитетот во објектите е целосно исполнет, 600 деца овој период, утринските и пладневните часови ги поминуваат заедно со своите другарчиња и воспитувачките во просториите на градинките, но
Детската градинка во Тетово има вкупно пет објекти, сите објекти работат со полн капацитет.
Арлинда Елези, директорка на детска градинка „Младост“.
за останатите, околу 80 деца на возраст до пет години, место нема. Тие се наоѓаат на листата на чекање, појаснува директорката, Арлинда Елези.

„Детската градинка во Тетово има вкупно пет објекти, сите објекти работат со полн капацитет. Капацитетот на сите градинки е 540, сега за сега имаме примени 600 деца и плус имаме направено листа на чекање со околу 80 деца.“

Проблемот со немање доволно место за престој на деца во тетовските градинки би се решил доколку би се изградиле нови простории за згрижување на децата. Од Управата на детската градинка „Младост“ испратиле неколку барања до Министерството за труд и социјала за изградба на нов објект, но се уште не добиле позитивен одговор. Освен нови простории градинките имаат потреба од вработување нов кадар.
Имаме испратено барање до министерството за отворање на нови групи и за нова градинка затоа што сметаме дека тоа е неопходно за доброто на децата коишто се на листата на чекање и се надеваме дека ќе најдеме решение за ова.
Арлинда Елези, директот на детска градинка „Младост“.

„Имаме испратено барање до министерството за отворање на нови групи и за нова градинка затоа што сметаме дека тоа е неопходно за доброто на децата коишто се на листата на чекање и се надеваме дека ќе најдеме решение за ова. Барањето е пуштено пет-шест пати, позитивен одговор немаме се уште и чекаме. Исто така треба да се прими и нов кадар и исто така и за тоа е известено министерството и чекаме одговор.“

Во текот на изминатата година условите за претој во тетовските градинки се подборени.

„Имаме повеќе дидактички материјал купено, нови играчки, санитарните работи се средени.“

Интересот на родителите во Тетово да ги запишат своите деца во градинка, од година в година се повеќе се зголемува, зошто се подига светска кај нив дека покрај згрижувањето, децата за време на престојот во установата се социјализираат и се воспитуваат.
XS
SM
MD
LG