Достапни линкови

Претесна градинка за сите деца во Куманово


Градинката „Ангел Шајче“ во Куманово згрижува околу 860 деца, а бројот на заинтересираните е двојно поголем.

Градинката „Ангел Шајче“ во Куманово во шестте постоечки објекти, во 45 групи, меѓу кои и две билингвални, може да згрижи околу 860 деца. Бројот на заинтересираните е два ипол пати поголем, но раководниот тим прави усилби да им излезе во пресрет на оние на кои тоа им е
Ние секогаш одиме на прием на деца над проектираниот капацитет, затоа што нашата пракса покажала дека дневно присутните деца не го поминуваат проектираниот капацитет. Вообичаено е до 20 отсто од децата да бидат отсутни од проектираниот капацитет.

најнеопходно. Потреба од нови објекти одамна има, но од повеќе објективни причини таков проект сеуште е далеку од реализација. Затоа август и почетокот на септември се месеци кога родителите кои сакаат децата да ги носат на градинка се во голема неизвесност. Директорката Марина Алексовска и стручниот тим од Комисијата за прием, деновиве интензивно работат на селектирањето.

„Меѓутоа, ние секогаш одиме на прием на деца над проектираниот капацитет, затоа што нашата пракса покажала дека дневно присутните деца не го поминуваат проектираниот капацитет. Вообичаено е до 20 отсто од децата да бидат отсутни од проектираниот капацитет.“

Во двоипол месечниот период за пријавување евидентирани се 560 деца. Затоа Комисијата одлучува за дефинитната бројка. А постојано згрижени деца се 958.

„Во секој случај ќе се води сметка двајцата родители да бидат вработени“, вели Алексовска.

Таа додава дека запишување на децата е во текот на целата година, но од почетокот на септември веројатно околу 300 деца нема да бидат згрижени. Меѓутоа:

„Секоја година не сите примени во септември доаѓаат на градинка. Оставаме еден месец, поради што и во октомври Комисијата ќе утврди колку деца не доаѓаат на градинка, па по автоматизам тие деца се отфрлаат, а на нивно место доаѓаат други деца.“
Секоја година не сите примени во септември доаѓаат на градинка. Оставаме еден месец, поради што и во октомври Комисијата ќе утврди колку деца не доаѓаат на градинка, па по автоматизам тие деца се отфрлаат, а на нивно место доаѓаат други деца.

Какви се децата од ерата на високо развиената техологија имајќи ја предвид и севкупната економска состојба, големите социјални разлики, како и други фактори кои влијаат на оформувањето на профилот на децата, педагогот Виолета Стошевска вели:

„Денешните деца се многу поагресивни во однос на оние од пред 10 години. Тоа зависи од семејствата во кои живеат. Денешните семејства се многу поразлични и од аспект на материјлна состојба и на социоемоционални односи во семејството.“

Според Стошевска, агресивноста се манифестира така што децата за неважни, ситни работи, за некоја играчка стапуваат во меѓусебни вербални конфликти.

„Нема добра комуникација со која тие би можеле да го разрешат конфликтот. Таа комуникација може да ја направи добра само добар воспитувачот кој правилно ќе го постави проблемот, со уште поправилно поставување на тези за разрешување на тој проблем, само на тој начин децата ќе можат да сфатат како на мирен начин се разрешуваат конфликтни ситуации. Да не дојде до тепање на децата заради банални работи.“

РСЕ: Дали децата се групираат според нивната материјална состојба? Ја препознаваат ли разликата во таа смисла?

„Во некои ситуации да, во некои не. Тоа зависи како родителите му поставуваат нешто во свеста на детето дека тоа има повеќе во однос на другите деца. Има деца кои не обрнуваат внимание на тоа, има и сами деца кои се истакнуваат со повеќе играчки. Тие деца и кога ќе донесат играчка ја држат во раце и не ја даваат на други деца. Сепак, тоа се само деца и некогаш се гледа разликата, некогаш не. Тука големо влијание има и улогата на учителката“, вели Стошевска.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG