Достапни линкови

Градинките во Куманово преполни


Градинка во Куманово

Градинка во Куманово

Во шесте објекти за згрижување на децата од предшколска возраст во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово нема доволно место за сите заинтересирани и пријавени.

Градинката има потреба од проширување на капацитетите, кои не се компатибилни со зголемувањето на бројот на жителите во градот. Според директорката Марина Алексовска пријавувањето на децата започнало последната седмица од минатиот месец, се јавуваат уште заинтересирани родители, а за сега над 150 деца не можат да бидат згрижени.
Има згрижено илјада и 147 деца што е многу повеќе од проектираните капацитети. Со овој проблем се запознаени Советот на Општината и Министерството за труд и социјала преку нашите годишни извештати. Во нив ние бараме изградба на нови објекти, надградба на
постоечките.


„Има згрижено илјада и 147 деца што е многу повеќе од проектираните капацитети. Со овој проблем се запознаени Советот на Општината и Министерството за труд и социјала преку нашите годишни извештати. Во нив ние бараме изградба на нови објекти, надградба на постоечките, изградба на два нови објекта во населбите Карпош и Тоде Мендол, преадаптација на објекти кои одговараат за деца од предучилишна возраст, но до сега ништо од тоа.“

Таа додава дека локалната самоуправа се обидува преку Министерството за труд и социјална политика да добие одобрение за доградба на две простории во објектот во близина на градскиот стадион.
Во кумановската градинка многу одамна функционираат и четири училишни групи, од кои две се во центарот на градот, во близина на двете основни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, како и две во населбата „Гоце Делчев“ во близина на училиштето „Кочо Рацин“. Меѓутоа, градинката „Ангел Шајче“ е единствена во државава во која се работи и во втората смена.

„Тоа е комбинирана група од јасли до 5, 8 годишна возраст. Работи од 12 до 22 часот, со цел да им излеземе во пресрет на родителите кои работат втора смена“, вели директорката Алесковска.

Според неа последните две-три години во градинката приоритет за згрижување имаат децата чии што родители се вработени, за разлика од порано кога биле згрижувани и деца чии родители не се вработени. Во тој период и бројот на децата бил помал во однос на капацитетите.

Во градинката во Куманово со децата работат 110 редовно вработени стручни лица, а потребите наложуваат долги години да се ангажираат и уште 30-до 40 на одредно време. Алексовска се надева дека годинава на овие лица работниот однос ќе им биде трансформиран во редовен.
Поради потребите и на барањето на двете училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ во тек се подготовки за адаптација на две простории за дневен престој на училишните деца од прво до петто одделение. Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека по завршување на наставата децата ќе останат во училиштето уште четири часа, време за кое ќе ги завршат и домашните задачи.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG