Достапни линкови

Битолската касарна, атрактивна населба


Битола ќе добие атрактивна населба

Битола ќе добие атрактивна населба

Општина Битола конечно го донесе деталниот урбанистички план за старата касарна со кој оваа руинирана површина ќе прерасне во атрактивна населба.

Според планот таму ќе се изградат плоштади, трговски центри, училишта, градинки, факултети, згради, винарски визби и друго. Во старата касарна освен државата, во добар дел ќе се дозволи да инвестираат и приватници. Во касараната војска нема четири години, а од Министерството за одбрана во надлежност на општината премина пред неколку месеци. Со донесувањето на планот следен чекор ќе биде продажба и инвестирање на парцелите и објекти.
Се работи за 103 хектари кои повеќе години немавме можност да ги дадеме на тендер и лицитации за да може да се направи урбана интервенција, а со ова тоа ќе се овозможи и ќе биде исклучително важно за нашите граѓани


,,Да изгласаме една од најважните согласности за да стане правосилен Деталниот урбанистички план. Се работи за 103 хектари кои повеќе години немавме можност да ги дадеме на тендер и лицитации за да може да се направи урбана интервенција, а со ова тоа ќе се овозможи и ќе биде исклучително важно за нашите граѓани."

изјави градоначалникот Владимир Талески.
Иако опозицијата и власта се препираат околу секоја точка во Советот, деталниот урбанистички план за касарната беше донесен едногласно.

,,Суптилноста на самиот проект, кој и по квалитет и по квантитет е суштински можеби и генерациски во делот на визијата за развој на градот Битола во следните 50 години. Се работи за коректен урбанистички план и во изработката и во содржината."
Суптилноста на самиот проект, кој и по квалитет и по квантитет е суштински можеби и генерациски во делот на визијата за развој на градот Битола

изјави Томе Наумовски, советник од СДСМ.
Во планот не се предвидени содржините за плоштадот и спортските терени туку тоа се остава да го осмислат инвестититорите.

,,Поштадите во централното градско подрачје да не биде детално обработено туку дадено како една поголема зона за градба. Истото и со просторите за спортување да не бидат детално обработувани, каде тениски, каде фудбалски игралишта, каде вотерленд, туку да бидат поставени како зона за градба во која исто со архитектонско урбанистички прокет, оној кој ќе ги добие да може да ги решава на начин на кој посакува."

изјави архитектот Јорго Шундовски.
Досега од објектите кои беа на АРМ два доби СВР и уште два Битолскиот универзитет. Со ова се зголеми просторниот капацитет на двете установи.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG