Достапни линкови

Стопирано реновирањето на Охридската болница


Изведувач на работите е бугарска компанија од Благоевград со домашна фирма како подизведувач и надзор.
Изведувач на работите е бугарска компанија од Благоевград со домашна фирма како подизведувач и надзор.

Неизвесно е кога Охрид ќе добие нов болнички објект, откако реновирањето на објектот е запрено за да се утврди техничката исправност и пропустите во зафатот.

Една година од почетокот на реконструкцијата, запрено е реновирањето на Охридската општа болница, што треба да продолжи по ревизијата од страна на министерството за здравство, преку независната комисија, со што останува неизвесноста кога Охрид ќе добие нов болнички објект, со одделенијата и операциските сали за хирургија, анестезиологија, урологија, гинекологија и уво нос и грло, како најважни за здравјето и
Планот беше работите да се завршат за 16 месеци, но ние нема да дозволиме пред се да се направи неквалитетна болница. Прв приоритет ни е да добиеме квалитетна болница.
Љубен Арнаудов, директор на Охридската општа болница.

животот на пациентите. Од управата на болницата велат дека се работи за времено запирање на градежните работи, за да се утврди техничката исправност и пропустите во зафатот, поради што има пробивања на првичните рокови.

„Планот беше работите да се завршат за 16 месеци, но ние нема да дозволиме пред се да се направи неквалитетна болница. Прв приоритет ни е да добиеме квалитетна болница. Пациентите можеби мислат дека времетраењето на реконструктивниот зафат, ќе влијае врз нивното здравје, но јас сметам дека нема многу да влијае. Ќе гледаме, најнапред да биде квалитетот, а потоа времето“, вели Љубен Арнаудов, директор на Охридската општа болница.

Тој уверува дека и порај реконструкцијата, во адаптирани услови, нормално функционираат амбулантите за преглед, а пораѓањата, итните случаи и
оперативни зафати се вршат во болницата во Струга, каде пак доаѓа до гужви и проблеми поради прифаќањето на пациенти од други општини од тамошните лекари, а како опциии се и болниците во Битола и Скопје. Реновирањето на болницата во Охрид, изградена пред шест децении, го реализира државата првично со 2.600.000 евра, што со целосното опремување по светските стандарди би чинело девет милиони евра, изведувач е Бугарска компанија од Благоевград со домашна фирма подизведувач и надзор. Зафатот е проследен со низа недоразбирања и политизирање, што е на штета на граѓаните на Охрид, општина што со над 50 илјади жители и како најголем туристички центар во државава заслужува нова болница, каде сега пацентите не можејќи да се снајдат со часови лутаат од одделение до одделение во старите објекти каде подовите, санитарните јазли, условите и апаратите, со ретки исклучоци, се мизерни.
Состојбата во болницата во Охрид е многу сериозна, дури и кaтастрофална за пациентите од градот и околината. Тоа најмногу се чувствува при итните случаи, кои можат да имаат и смртни последици.
Граѓанка на Охрид.

„Состојбата во болницата во Охрид е многу сериозна, дури и кaтастрофална за пациентите од градот и околината. Тоа најмногу се чувствува при итните случаи, кои можат да имаат и смртни последици. Затоа компетентните фактори се должни во најкус рок да извршат санација на објектот, што е од животно значење. Упатени во други градови или во приватните болници, кои за повеќето се прескапи и недостапни, може да биде и кобно за граѓаните, кои плаќајќи во фондот за здравство заслужуваат подобра здравствена заштита“, вели жителка на Охрид.

Иако од Охридската болница уверуваат дека до идното лето нејзиното старо крило ќе биде реконструирано, граѓаните се сомнителни уште колку време Охрид ќе нема свои новороденчиња, кои од лани се раѓаат во Струга и Скопје.
XS
SM
MD
LG