Достапни линкови

Партиски вработувања во Охрид?


Охрид

Охрид

Обелоденет список со имиња на 200 членови на ВМРО-ДПМНЕ вработувани во јавните институции во Охрид. Власта негира.


Жешката тема за партиските вработувања го тресе и Охрид. Стариот проблем во државава се актуелизира, откако преку еден медиум, во јавноста се пласира „таен список“ со имиња на околу 200 членови на општинската ВМРО-ДПМНЕ, кои според листата наводно се вработувани во јавни, државни институции, судството, СВР, Музејот, Хидробилошкиот институт, капетанијата, Фондот за здравство и други служби и фирми во Охрид последниве години. Во ВМРО-ДПМНЕ не знаат за постоењето на таков список, кој за нив не е
Секако ако се повикаме и на искуствата од западните демократии и далеку поразвиените партии, ќе дозволите дека секоја партија си има некаква евиденција на кадровскиот потенцијал на своите членови, и тоа е добро затоа што и партијата треба да знае со какво членство располага.
официјален документ на партијата, а вработувањата во институциите не ги правела таа, ниту тие биле според партиска членска книшка.

„Секако, ако се повикаме и на искуствата од западните демократии и далеку поразвиените партии, ќе дозволите дека секоја партија си има некаква евиденција на кадровскиот потенцијал на своите членови, и тоа е добро затоа што и партијата треба да знае со какво членство располага. Темата е навистина од наш аспект гледано за Охрид речиси непостоечка. Доколку некој не ги исполнува условите, тогаш не може да го добие работното место, затоа што пред се не ќе може да одговори на критериуми поставени во еден конкурс“, вели Дејан Паноски од охридската ВМРО-ДПМНЕ.

Охрид

Социјалдемократите, пак, сметаат дека објавувањето на фамозниот таен список за партиските вработувања е кулминација на внатрепартиското незадоволство во ВМРО-ДПМНЕ од вработени во ЕМО што е одамна пропадната фирма, од која според нив квази менаџерите земале огромни плати, на сметка на работниците кои неколку години не зеле плата.

„Дали и после овие аргументи и факти, „гебелсовската“ пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со замајување на охридската и македонската јавност. Дали со ваквите нивни партиски вработувања особено во судството и државните органи истите придонесуваат за позитивен извештај на Европската комисија? Токму ова покажува колку тие се грижат за интересите на граѓаните на Македонија. Ваквите политики на ВМРО-ДПМНЕ можат да бидат успешни онолку колку што успешно може да стигне на своето одредиште брод кој плови на отворено море со пијан капетан, без компас и без азимут“,
За жал непобитен факт е денес, а и изминативе години и децении во Македонија дека доколку не си член на владеачката партија, тешко се доаѓа до работно место.
вели Љупка Иваноска, портпаролка на Охридската СДСМ, што е на власт на локално ниво во Охрид.

Најзасегнатите во случајот, граѓаните на Охрид сметаат дека од почетокот на партискиот плурализам, се жртви или заложници на вработување не по образование, стручност и квалитет, туку по партиска припадност, наклонетост или лојалоност. -

,,За жал непобитен факт е денес, а и изминативе години и децении во Македонија, дека доколку не си член на владеачката партија, тешко се доаѓа до работно место. Тоа се случувало и во минатото, а изразено е и денес, иако се движиме кон ЕУ и најтрагично е што токму за оние работни места кои ги бира државата во јавната државна администрација, дури се прават и систематизации намерно темпирани за партиски војници на владеачката партија“, вели жител на Охрид.

Тој вели дека партиските вработувања и носат негативни поени и на Македонија на патот кон членство во ЕУ и НАТО, а одолжувањето на овој процес со загрозената егзистенција, ни го отежнува животот, а иднината ни ја прави сосема неизвесна.
XS
SM
MD
LG