Достапни линкови

Нова опрема во прилепската болница


Прилепската болница доби нова опрема во вредност од околу 2 милиона евра. Но, останува проблемот со недостаток на кадар.

Прилепската болница во последниве шест месеци доби нова опрема во вредност од околу 2 милиона евра. Со софистицирани, современи апарати за компјутерска томографија, четиридимензионално ехо, бројни други уреди се подига степенот на здравствената заштита, дијагностицирање и лекување на пациентите.
Во одделението е пристигнат ехо-апарат, кој што е со повеќе можности, со повеќе сонди и има можност за примена во повеќе области на медицината.

„Добиени се апарати за офталмолошка хирургија, апарати за офталмолошка дијагностика и апарати за работа во офталмолошки амбуланти. Главното кое е добиено на офталмологија, е апаратот за, народски речено, отстранување на перде со ултразвук. Тоа е нова процедура, која досега не беше во прилепската болница. Апаратурата се уште не е поставена во функција“, истакнува д-р Илија Богатиноски, директор на прилепската болница. Дел од новата опрема во прилепската болница

Дел од новата опрема во прилепската болница



Тој додава дека овој и повеќе други апарати во болничките одделенија, ќе бидат ставени во функција на здравјето на пациентите, но откако докторите ќе добијат и соодветна едукација за нивна употреба.

„Во одделението е пристигнат ехо-апарат, кој што е со повеќе можности, со повеќе сонди и има можност за примена во повеќе области на медицината. За него е потребно најмалку барем по две недели едукација, за техничкиот дел на апаратот. Стручниот дел од апаратот има лекари кои си ја знаат работата, и знаат да го користат стручно“, потврдува д-р Жарко Митрески, специјалист по интерни болести.
Има хроничен недостиг на кадар. Во моментов има 98 доктори. Старосната граница е релтивно висока. По систематизација има слободни околу 26 места

Но,не е само овој проблем. Прилепската болница е и кадровски недоволно екипирана.

„Има хроничен недостиг на кадар. Во моментов има 98 доктори. Старосната граница е релтивно висока. По систематизација има слободни околу 26 места“, оценува директорот Богатиноски.

Тој вели дека се вложуваат напори овој проблем да се ублажи со ангажман на 70-ина волонтери: доктори, медицински сестри, лаборанти и друг персонал. Но, сепак ова не е трајно решение. Неопходно е да се реализираат нови вработувања, за што е доставено барање во Министерството за здравство. Илија Богатиноски, директор на прилепката болница

Илија Богатиноски, директор на прилепката болница



А, за подобрување на здравствената заштита на болницата во тек се градежните активности за ново ургентно одделение. Поточно се реализира првата фаза од реконструкцијата на оваа јавна здравствена установа, во која се санирани санитарните јазли, надворешната дограма, пристапот до ургентното одделение, а се планира и инсталирање на централна гасна станица.

„Во првата фаза на прилепската болница, процесот за реконструкција се уште трае. Има делови кое се завршени и делови кои се уште работат. Дадовме еден предлог да влеземе и во втората и во третата фаза за реконструкција, но сепак тоа зависи од одговорните“, вели Богатиноски.

Менаџерите на прилепските болница негуваат надежи дека Министерството за здравство ќе најде сили, да се решат сите проблеми, зашто преку 120.000 жители од регионот на Прилеп, двете помали општини Кривогаштани и Долнени, Крушево и Македонски Брод се лекуваат во оваа јавна здравствена установа.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG