Достапни линкови

Крводарителството во Охрид расте


Архивска фотографија: Крводарителска акција

Архивска фотографија: Крводарителска акција

Во последниве неколку години крводарителството во Охрид значително расте.

Во последниве неколку години крводарителството во Охрид значително расте, и по бројот на собрани единици крв во акциите организирани од Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, Охрид годинава е трет град во државава. Сега тренд е крводарителските акции да се организираат надвор од институциите, близу до граѓаните, на фрекфентни места, за големи верски, државни празници и собири, со бизнис покровители кои наградуваат, па така интересот е и најголем, како што беше и при последната акција во шатор на отворено во централната чаршија во срцето на Охрид, организирана по повод 14-ти јуни светскиот ден на крводарителството.
Денеска дадов крв по 11-ти пат. Поттикнат од тоа да сме хумани, да помогнеме на луѓето. Дефинитивно има потреба од крв, такво е времето, има многу болести, се прават операции, и вреди да се помогне. Не не чини воопшто пари, не го правам тоа за профит и добивка, туку чисто од хуманост.

„На акците кои се традиционални, како акцијата на Водици, на Плаошник за Свети Климент и некои од другите поголеми акции, се собираат околу 100-150 шишиња со крв, што се рекордни бројки. Инаку на редовните акции, ако собереме 20 до 30 крвни единици, е добро, а над 30, е одлично. Во овој транзицискио период на нашава република, имаше и разни дискусии и сомнежи кои се појавуваа кај луѓето, за тоа каде оди крвта, но јас мислам дека она што е главна работа на Црвениот крст на ниво на држава е дека успеавме да ја вратиме довербата кај дарителите и да им укажеме дека навистина крвта оди на вистинските места, кај оние кои имаа потреба и дека крвта за никакви пари не се продава, дека не може да се купи со пари, и мислам дека имаме се поголем интерес од хумани потреби луѓето да даруваат крв“, вели Антонио Додевски, секретар на Црвениот крст Охрид, кој постои 66 години.


„Денеска дадов крв по 11-ти пат. Поттикнат од тоа да сме хумани, да помогнеме на луѓето. Дефинитивно има потреба од крв, такво е времето, има многу болести, се прават операции, и вреди да се помогне. Не не чини воопшто пари, не го правам тоа за профит и добивка, туку чисто од хуманост“, вели охриѓанецот Ѓоко Наумовски.

Тој порачува дека дарува крв зошто секоја капка од оваа скапоцена течност може да спаси нечиј живот, а преку тестовите тоа е и бесплатна контрола на здравјето на дарителот. Од почетокот на годинава, реорганизиран е начинот на работата на
Промени во смисла на работата, нема воопшто. Единствено само што контролата на крвта за трансмисивните болести оди во Скопје. Кај нас во Охрид нема никакви проблеми, во снабдувањето со крв, исто е како што беше и досега, имаме доволни количини крв.

трансфузиолошките служби, кои веќе не се под болниците туку сега се во склоп на институтот во Скопје, кој ги планира и крводарителски акции со црвениот крст. Охрид сега е под регионалниот центар Битола, каде се обработуваат крвните ресурси собрани во акциите и само трансфузиолошката служба во општата болница собира крв, што некогаш им прави проблем на другите кои неа треба неа да ја обезбедат од Битола.

„Промени во смисла на работата, нема воопшто. Единствено само што контролата на крвта за трансмисивните болести оди во Скопје. Кај нас во Охрид нема никакви проблеми, во снабдувањето со крв, исто е како што беше и досега, имаме доволни количини крв. Секогаш летниот период е малку покритичен со снабдување со крв. Сега имаме организирано повеќе крводарителски акции по месеци, така што мислиме дека ќе ги задоволиме потребите од крв“, вели Соња Србакоска, лекар трансфузиолог во Службата за трансфузиона медицина Охрид.
XS
SM
MD
LG