Достапни линкови

logo-print

Наредните денови треба да се одржи конститутивна седница на новиот Парламент. Опозицијата најавува повпечатлива позиција.

Првиот човек на Собранието се уште не ја закажал седницата на која ќе се конституира новиот парламент. Од кабинетот на спикерот Трајко Вељаноски информираат дека ќе биде испочитуван законски предвидениот рок за формирање на новиот парламент, односно во следниве три до четири дена ќе се одржи конститутивната седница.
Онаа енергија која ја постигнавме со само 18 пратеници во Парламентот, сега со дуплирањето на пратеничката група на опозиционите партии ќе ја продолжиме. СДСМ ќе стои секогаш на страната на
граѓаните.
Веднаш откако ќе се закаже седницата, комисијата за избори и именувања треба да го предложи новиот претседател на Собранието.

Опозицијата најавува силна и конструктивна позиција во законодавниот дом, пред се поради како што велат, поголемиот број пратеници кои го имаат во новиот парламентарен состав.

„Онаа енергија која ја постигнавме со само 18 пратеници во Парламентот, сега со дуплирањето на пратеничката група на опозиционите партии ќе ја продолжиме. СДСМ ќе стои секогаш на страната на граѓаните и на страната на демократијата во Македонија“, изјави Андреј Петров од СДСМ.

Опозицијата најавува повпечатлива улога во Собранието

И НСДП најави организиран настап на опозицијата во новиот парламент. Ветуваат зајакната и повпечатлива улога во Собранието.

„Ќе имаме три координатори од страна на опозицијата во делот на дискутантите кои ќе дискутираат по основ на поднесена интерпелација, за пратеничките прашања, повеќе простор ќе добиеме во Собранието, повеќе услови за работа“, изјави Горан Мисовски од НСДП.

Од Демократската Унија за интеграција не сакаат да прогнозираат како ќе работи новиот парламентарен состав. Речиси идентично како и за преговорите за формирање влада, велат дека ќе се воздржат од коментари пред официјалното конституирање на парламентот.

Ќе имаме три координатори од страна на опозицијата во делот на дискутантите кои ќе дискутираат по основ на поднесена интерпелација, за пратеничките прашања, повеќе простор ќе добиеме во Собранието, повеќе услови за работа
Во меѓувреме продолжуваат преговорите за состав на новата влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, односно партиите кои освоија најголем број гласови на изборите.
И двете партии се затворени околку деталите за тоа како се одвиваат разговорите, иако преку партиски соопштенија информираат дека тие се одвиваат во фер и конструктивна атмосфера.

Според официјалните резултати од Државната изборна комисија, идната влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ која заедно со тројцата избрани пратеници од дијаспората освои 56 пратенички мандати. Социјалдемократскиот Сојуз освои 42 пратенички места, ДУИ 15, ДПА 8, а Националана Демократска преродба освои два пратеника.
Останатите партии не добија ниту по еден пратеник и останаа надвор од законодавниот дом.

Новата влада треба да се формира најдоцна до 10 август.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG