Достапни линкови

Политичката ситуација во Грција не е поволна, но нема да влијае врз спорот за името, бидејќи Атина има постигнато консензус во врска со ова прашање, велат експертите.

Од Министерството за наворешни работи засега нема коментар за политичката ситуација во Грција. Меѓутоа, експертите велат дека овие случувања нема да имаат влијание врз македонско-грчките разговори околу спорот со името.

Во политичкото раководство, независно од тоа која партија е на власт, нема да има промена во нивната решителност и
Не можам да видам дека сега ситуацијата во однос на името е полоша или подобра за Грција, иста е. Тие прво имаат направено консензус како да го менаџираат ова прашање, грчката црвена линија која е утврдена години години наназад во однос на името, ќе остане

заедничката позиција која ја имаат за спорот, вели политичкиот аналитичар Стево Пендаровски. Тој смета дека и економската состојба исто така нема да се одрази врз решавањето на спорот, бидејќи кризата во Грција веќе трае подолг временски период.

„Секојдневно има штрајкови и демонстрации и секој ден рејтингот на владејачките партии се намалува, а на опозицијата се зголемува. Значи, не можам да видам дека сега ситуацијата во однос на името е полоша или подобра за Грција, иста е. Тие прво имаат направено консензус како да го менаџираат ова прашање, грчката црвена линија која е утврдена години години наназад во однос на името, ќе остане.“

Експертите очекуваат продолжување на преговорите рано на есен

Професор Димитар Мирчев, пак, смета дека состојбата во Грција не е поволна ниту за грчко-македонските односи и спорот со името, ниту за регионот, но се надева дека со промените во владата, состојбата во Грција ќе се стабилизира и дека и претстои да продолжи да работи на решавање на спорот. Навраќајќи се на изборите, кои само што беа одржани во вашата земја, сликата според него е позитивна во делот на полтичката ситуација. Неговите очекувања се дека рано на есен или во август може да се дојде до некои решенија кои би биле добра основа прифатена за завршување на тие разговори за спорот за името:
Тоа парламентарните избори го покажаа, гледам позначаен консензус меѓу политичките сили и дека тој политички консензус ќе овозможи посериозно продолжување на разговорите за спорот за името, претпоставувам дека рано на есен или можеби во август да се организира уште една рунда.

„Тоа парламентарните избори го покажаа, гледам позначаен консензус меѓу политичките сили и дека тој политички консензус ќе овозможи посериозно продолжување на разговорите за спорот за името, претпоставувам дека рано на есен или можеби во август да се организира уште една рунда.“

Според Пендаровски, можно е да има нова формално-иницирана рунда преговори од медијаторот во ОН, Метју Нимиц, но дека полтичката волја за решавање на спорот мора да постои и кај Атина, а инцијативност да дојде од македонска страна. Сосема јасно дека проблемот за името не би можел да се реши без силен консензус помеѓу политичките партии. Неговите очекувања од старо-новата влада не се високи:

„Не верувам дека сега со помал број на пратеници во Парламентот и кога ќе зависат и од албанскиот партнер во владата и од некои други парламентарни математики и комбинаторики, дека доправа сега во шестата година на владеење ќе им пристапат на опозиционите партии со намера да направат национален, подоцна и државен консензус.“

Очекувањата од старо-новата влада пак, на претставниците на меѓународната заедница се константни. По изборите, нивните очекувања во врска со Македонија е да се фокусираме на неколку прашања, пред се тука е прашањето за името. По добро спроведените избори, еврокомесарот Штефан Филе неодамна изјави дека е важно нашата земја да биде дел од темпото за проширување, кое очекува да се случи во земјите од Западен Балкан во втората половина на 2011 год.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG