Достапни линкови

Старо-нова влада?


Новата влада мора да се состави најдоцна до 10 август

Новата влада мора да се состави најдоцна до 10 август

Според политичките експерти, новата влада нема да понуди изненадувања во однос на можните коалиции. Извесно е дека во неа ќе седнат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Која од партиите освен победничката коалиција за Подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе седне во новата влада официјално се уште не се знае. Факт е дека победничката партија ќе мора да коалицира со некоја од албанските партии. Извесно е дека тоа ќе биде Демократската Унија за интеграција која освои 15 пратенички мандати.
ДУИ овој пат ќе има на некој начин поголеми барања во делот на прашањето за решавање на името па можеби и некои други аспекти, можни се и некои рокови кои ќе бидат зададени од страна на албанскиот политички партнер.
Непосредно пред изборите, премиерот Никола Груевски изјави дека досегашната соработка со ДУИ била одлична и функционална, иако призна дека не секогаш имале заеднички став околку одредени прашања. Не коментираат дали со одредени партии е исклучена соработка или не.

На оваа тема засега молк и од ДУИ. Лидерот Али Ахмети пред изборите изјави дека нема стратешки партнер и дека ќе коалицира со онаа партија на која македонскиот електорат му ја дал довербата.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски

Од најголемата опозициска партија Социјалдемократскиот сојуз велат дека се уште е рано за конкретни информации околку можни постизборни коалицирања. За тоа ќе се разговара дури откако ќе се формира новата влада, информираат од СДСМ.
Иако најавија коментар, од Демократската партија на Албанците не добивме какви било информации околу можни постизборни колицирања.

Непознато е дали Национална Демократска преродба на Руфи Османи која освои две пратенички места ќе влезе во коалиција со власта. Неодамна Османи порача дека има „неутрален став кон сите македонски
Во наредниот период опозицијата, бидејќи веќе е побројна, ќе направи поголем политички притисок и ќе биде поконструктивна, на тој начин и владата постојано ќе биде под „штрек“ поради тоа што сега веќе немаат дво третинско мнозинство, не се комотни толку како што беа во претходниот период и во таа смисла ќе има поквалитетен политички живот.

партии“.

Според политичките експерти новата влада нема да понуди изненадувања во однос на можните коалиции. Универзитетската професорка Танја Каракамишева вели дека е извесно дека во новата влада ќе седат старите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со таа разлика што сега барањата на албанскиот партнер ќе бидат поголеми.

„ДУИ овој пат ќе има на некој начин поголеми барања во делот на прашањето за решавање на името па можеби и некои други аспекти, можни се и некои рокови кои ќе бидат зададени од страна на албанскиот политички партнер. Значи на некој начин форма на политичка уцена.“

Претседателот на ДУИ Али Ахмети

Каракамишева смета дека на опозицијата не и требаат нови коалициони партнери. Опозицијата таа треба да биде конструктивна и да се обиде да ги решава проблемите во институциите, порачува таа.

„Во наредниот период опозицијата, бидејќи веќе е побројна, ќе направи поголем политички притисок и ќе биде поконструктивна, на тој начин и владата постојано ќе биде под „штрек“ поради тоа што сега веќе немаат дво третинско мнозинство, не се комотни толку како што беа во претходниот период и во таа смисла ќе има поквалитетен политички живот.“

Конститутивната седница на новиот парламент треба да се одржи најдоцна до 25 јуни, односно 20 дена по одржувањето на изборите. Новата влада пак мора да се состави до 10 август, откако ќе го добие мнозинството гласови од вкупниот број пратеници во Собранието.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG