Достапни линкови

ДИК - победи ВМРО ДПМНЕ


Прес-конференција на Државната изборна комисија

Прес-конференција на Државната изборна комисија

ДИК соопшти дека коалицијата од предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 39 отсто од гласoвите, колицијата предводена од СДСМ 32,7%, а ДУИ 10,2 отсто.

Според резултатите од 100 отсто од избирачките места, што ги објави Државната изборна комисија, владејачката коалиција добила 437.665 гласови или 39 отсто. Опозициската коалиција предводена од СДСМ освои 367.876 гласови или 32,78 отсто од гласовите. Ниту една од помалите партии надвор од овие две колиции во македонскиот блок не
Бидејќи доаѓа по речиси пет години власт во исклучително тешко време, цели две и пол години во време на најголемата светска економска криза, три години блокада за влез во НАТО и две години блокада за влез
во ЕУ.
успеаја да обезбедат пратеничко место. Според Граѓанската асоцијација МОСТ, каде се дава можност за плус-минус три отсто, ВМРО-ДПМНЕ освои 53, а СДСМ 43 пратеници, со тоа што не се земени предвид трите пратеници од дијаспората. ДУИ е убедлив победник во албанскиот политички блок. Одѕивот изнесува 63,36 отсто.

На прес конференцијата прогласувајќи ја победата на седмите парламентарни избори во Македонија претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски рече дека оваа победа им посебна тежина за нив:

Оваа победа има посебна тежина за нас, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски

„Бидејќи доаѓа по речиси пет години власт во исклучително тешко време, цели две и пол години во време на најголемата светска економска криза, три години блокада за влез во НАТО и две години блокада за влез во ЕУ.“

Изборниот ден помина во фер и демократска атмосфера, нагласи лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Според него, граѓаните вчера ги казниле
Битката допрва доаѓа. Ако не видовте што можеме да направиме со 18 пратеници во Собранието, можете да видите што можеме да направиме со 43 пратеници.
политичарите кои во минатото се обидоа со навреди и со клевети да дојдат до успех во политиката. Опозициската коалиција предводена од СДСМ освои 358.169 гласови или 33,03 отсто од гласовите. Коалицијата предводена од СДСМ на изборите постигнаа одлични резултати со освоени 150.000 повеќе од изборите во 2008 година, оценија во
најголемата опозициска партија. Лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски во
обраќањето во партиското седиште упати честитки до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за постигнатиот изборен резултат, како што рече, и покрај сите случувања во изминатиот период.

Времето на СДСМ допрва доаѓа, порача Бранко Црвенковски

„Битката допрва доаѓа. Ако не видовте што можеме да направиме со 18 пратеници во Собранието, можете да видите што можеме да направиме со 43 пратеници. Не запираме тука, ќе дадеме се од себе во наредниот период. Времето на СДСМ доаѓа, тоа ви го гарантирам.“

Нашата битка ќе продолжиме да ја биеме сега како многу конструктивна опозиција, рече Шеќеринска. Таа оцени дека изборните резултати на СДСМ и даваат мандат во Собранието да покаже дека власта веќе нема да може да владее како досега.

Во албанскиот блок ДУИ е победник. Оваа партија освоила 114.870 гласови или 10.24 % од глсовите. ДПА 66.055 или 5,89 %. Според, МОСТ најверојатно две пратенички места ќе успее да обезбеди и Националната демократска преродба на Руфи Османи. Во Собранието ќе има вкупно 123 пратенци.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG