Достапни линкови

Генерална оценка на дел од домашните невладините организации е дека изборите поминале мирно и демократски. ОБСЕ/ОДИХР попладне ќе го соопшти својот став.

Генералната оценка на некои од невладините организации кои го набљудуваа гласањето е дека изборниот процес поминал мирно и демократски, другите крајниот збор ќе го дадат попладне.
Првиот човек на невладината организација Цивил, Џабир Дерала вели дека изборите биле мирни и ненасилни, што придонело за позитивна атмосфера на самиот крај.
Граѓаните на Макеоднија беа позрели и од самите политичари. Наспроти многу негативните кампањи кои ги видовме во изминатите недели, граѓаните сепак одолеаа на тие искушенија што можеа да ги доведат изборите во експлозивна и тензична ситуација

Иако претходно имаше тензии, вулгарни кампањи и јазик на омраза, очигледно е дека граѓаните се изморени од таквата политика и одлучија својот глас да го дадат на еден цивилизиран начин за разлика од минатите изборни циклуси, вели тој.

„Граѓаните на Макеоднија беа позрели и од самите политичари. Наспроти многу негативните кампањи кои ги видовме во изминатите недели, граѓаните сепак одолеаа на тие искушенија што можеа да ги доведат изборите во експлозивна и тензична ситуација.“

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека се уште работат на извештајот за изборите и со свој став и гледиште за процесот ќе излезат попладне, како и Граѓанската асоцијација МОСТ.

Американскиот амбасадор Филип Рикер и евроамбасадорот Петер Соренсен за време на гласањето изјавија дека од тоа што можеле да го видат на терен изборите се одвивале во најдобар ред.

Домашните набљудувачи сепак забележаа одредени нерегуларности

Извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов на крајот на рокот за гласање изјави дека нивните набљудувачи забележале неправилности на некои гласачки места.

„Гласачко место 1975 во општина Тетово, 10 случаи на семејно гласање при што се искористени 21 гласачко ливче. Гласачко место 0823 во општина Зајас, тројца гласачи гласале без соодветна документација. Гласачко место 0816 општина Зајас, забележано е повеќекратно гласање во име на друг.“

Околу 60 граѓани пријавиле нерегуларности за време на изборниот ден до канцеларијата на Народниот правобранител. Најголем дел од поплаките се од граѓани кои не можеле да го најдат избирачкото место, но имало и пријави за притисоци и заплашувања.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG