Достапни линкови

logo-print

Нова влада, стари очекувања


Што очекуваат кумановци од новата влада?

Што очекуваат кумановци од новата влада?

Од новата влада, граѓаните на Куманово очекуваат пред се подобрување на економијата и повисок животен стандард, пониски цени, но и мир и спокојство.

Заживување на економијата, вработувања, повисок животен стандард, повисоки плати и пензии, а пониски цени, мир и спокојство, се старите очекувања од новата влада без оглед кој ќе ја формира, велат кумановци.

„На нашето семејство му треба мир и спокојство. Јас и жената сме пензионери, а децата работат.“
На нашето семејство му треба мир и спокојство. Јас и жената сме пензионери, а децата работат.

„Не знам ништо, тие си знаат, како одлучат тие, така ќе биде.“

„Ако има комбинација од повеќе политички партии може да очекуваме.“

Што да очекувате?

„Секако дека мора да се реши ова лудило. Беда, сиромаштија, се е во круг, ништо не функционира.“
Ако има комбинација од повеќе политички партии може да очекуваме.

„Да ги зголемат пензиите. Да не биде 6 илјади денари. Со 30 години стаж не ја бидува. Да дадат барем нешто.“

„Ако се смири светската економска криза, и ова треба да помине. Не сме ние осудени.“

„Кој и да е мислам дека ќе има подобрувања. Влада си е влада сите си се арни.“
Секако дека мора да се реши ова лудило. Беда, сиромаштија, се е во круг, ништо не функционира.

„Кој и да е ништо не може да се очекува. Никој не води сметка за народот, за работниците, и за посиромашните. Сите гледаат да се „нафатираат“ и да си фатат некој денар за в џеб.“

„Јас би сакал за младите вработување и економски просперитет.“

„Очекувам се најдобро.“

На пример:
Јас би сакал за младите вработување и економски
просперитет.

„Плати да се зголемат, кој и да е да биде најдобро. Не сме многу задоволни. Сите се исти. Платите се мали“, велат запрашаните кумановци кои во маратонскиот период на транзицијата многу повеќе изгубија отколку што добија.

Единствено што им останало е вербата барем во малку подобра и поубава иднина.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG