Достапни линкови

Мирниот тек на изборите, големата излезност и дебаклот на помалите политички партии ги одбележаа овие избори, велат експертите.

Вчерашните парламентарни избори веројатно беа едни од најдобро организираните во земјава. Ова е генералната оценка на политичките аналитичари за изборите, кои според нив поминаа во фер,слободна и демократска атмосфера. Македонските граѓани покажаа дека имаат поголема политичка зрелост од политичарите и дека негативната
Не е проблем во електоратот туку е проблем во партиите, односно големите партии, интересно е тоа како тие се мобилизираат за да ги уништат сите трети варијанти.
изборна кампања не се одрази на денот на гласањето. Најголемо изненадување е изборниот резултат на помалите политички партии, за кои се смета дека доживеаја политички дебакл. Тоа вели универзитетскиот професор Алајдин Демири покажува дека Македонија живее во црно-бел свет, каде што нема простор за трета опција.

„Не е проблем во електоратот туку е проблем во партиите, односно големите партии, интересно е тоа како тие се мобилизираат за да ги уништат сите трети варијанти итн“, изјави Демири.

Слабата поддршка на помалите политички партии покажа дека Македонија живее во црно-бел свет, велат експертите

Соодносот на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е резултат на гласачкиот апарат на власта, кој според Демири и помогнал на власта да ја задржи својата позиција.

За политичкиот аналитичар Здравко Савески соодносот меѓу двете најголеми партии не е изненадување. Големиот број
Се забележуваше континуиран пад на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, така што ако имаше редовни избори можеби ќе имаа поголеми шанси да победат.
гласови за СДСМ, е резултат на оној процент на гласачи кои на претходните избори не гласале, вели Савески. Според него нивниот изборен резултат ќе бил подобар, доколку се работеше за редовни парламентарни избори.

„Се забележуваше континуиран пад на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, така што ако имаше редовни избори можеби ќе имаа поголеми шанси да победат.“

И ниската излезност на Алабанците една од карактеристиките на овие избори

Уште една карактеристика на овие избори е малата излезност на Албанците. Тоа велат експертите е резултата на политичката анемичност на албанските партии, иако зачудува фактот што одзивот е помал, кога има поголема понуда од страна на албанскиот политички блок.

„Се работи за некоја презаситеност од понудата која ја имаат албанските партии. За изненадување е сепак бидејќи на овие избори имаше повеќе опции за гласање кај албанскиот сегмент“, изјави Савески.
Ние за прв пат видовме како партиите излегуваат без платформи, без програми, без ништо подготвено за електоратот.

„Ние за прв пат видовме како партиите излегуваат без платформи, без програми, без ништо подготвено за електоратот“, изјави Демири.

Голем процент на излезност пак имаше македонското гласачко тело. Според аналитичарите тоа е резултат на свеста на гласачите и мобилизацијата на граѓаните за да се добие посакуваната превласт во владеењето за следните четири години.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG