Достапни линкови

Младиќ, правда или трговија?


Ратко Младиќ по апсењето

Ратко Младиќ по апсењето

Судот во Белград реши дека Ратко Младиќ може да биде трансфериран во Хаг каде од Трибуналот е обвинет за воени злостроства и геноцид во БиХ. Неговиот адвокат најави жалба во понеделник. Младиќ беше уапсен вчера по над 15 годишно бегство. Првото сослушување на Ратко Младиќ, кој по речиси 16 години бегство од Хашкиот трибунал беше уапсен во Србија, беше прекинато поради тешката психофизичка состојба на поранешниот командант на босанските Срби.

Претседателот на Србија Борис Тадиќ во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен ги негира тврдењата дека српските власти со години знаеле каде се криел Ратко Младиќ.

„Ќе употребам речник кој не е дипломатски. Тоа е чиста глупост“, изјави
Имаме обвинетото 161 лице за злосторства во поранешна Југославија. Многу сме среќни што Ратко Младиќ е 160-то лице кое ќе биде изведено пред Трибуналот. Ни остана уште Горан Хаџиќ, но се надеваме дека наскоро ќе биде уапсен.

Тадиќ.

Тој повторува дека српските власти вложиле голем труд да го уапсат и оти тој ќе му биде предаден на Хашкиот трибунал.

Во меѓувреме, српските медиуми почнаа да објавуваат детали за апсењето во село Лазарево кај Зрењанин, при што се наведува дека Младиќ не пружал отпор и оти на барање на специјалците да се идентификува покажал оригинална лична карта чија важност истекла во 1999 година.


Ратко Младиќ бил уапсен во куќата на неговиот роднина Бранислав Младиќ. Според српските служби за безбедност, тоа било во рамки на редовните активности, а не по претходно добиена информација. Затоа никој нема да ја добие наградата од 10 милиони долари.

Од Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија го поздравија апсењето на Младиќ.

„Имаме обвинетото 161 лице за злосторства во поранешна Југославија. Многу сме среќни што Ратко Младиќ е 160-то лице кое ќе биде изведено пред Трибуналот. Ни остана уште Горан Хаџиќ, но се надеваме дека наскоро ќе биде уапсен“, изјави портпаролот на Хашкиот трибунал, Нерма Јелачиќ.
Тоа е многу тешко 15, 16 години по војната. Сега фино ќе го сместат во Хаг да гледа телевизија и да ужива. Убива 8.000 луѓе, а добива телевизија,
базен.

Многумина во Босна го поставуваат прашањето зошто тој повеќе од 15 години не можеше да биде изведен пред лицето на правдата.

За некои станува збор за трговија со која Србија добива поблиски односи со Европа.

Во Босна пак, повеќегодишното неапсење на Младиќ беше болно потсетување за изгубените најблиски.

„Длабоко во мојата душа може да имам мало задоволство, но, исто така ми доаѓаат сеќавања за она што го преживеав и за убиените за кои некои беа наградени со 15 години на слобода“, вели вдовицата Зумра Шехомеровиќ.

Дури и сознанието дека Младиќ ќе се најде во Хаг, на малкумина им дава чувство дека правдата конечно ќе биде задоволена.

„Тоа е многу тешко 15, 16 години по војната. Сега фино ќе го сместат во Хаг да гледа телевизија и да ужива. Убива 8.000 луѓе, а добива телевизија, базен“, вели Сефет Ризиќ.

Сепак за повеќето, фаќањето на Ратко Младиќ е потврда дека порано, или подоцна, правдата ќе ги стигне сите кои вршат злосторства против човештвото.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG