Достапни линкови

logo-print

Силувања во Босна


20.000 жени силувани во Босна

20.000 жени силувани во Босна

Никој не ги знае точните податоци, но се претпоставува дека за време на војната во Босна и Херцеговина биле силувани повеќе од 20 илјади жени - најмногу во источна Босна и во Босанска Краина. Многу од жените по силувањето останале и бремени. Ретко кое од децата знае кој му е татко и како дошол на свет. Проблемот има длабоки корени, затоа експертите порачуваат сестрано ангажирање за работата да не се заборави и да не помине неказнаета.

Бакира Хасечиќ е силувана неколу пати во станицата за Јавна безбедност во Вишеград. Таму била силувана и нејзината постара ќерка. Но освен жени, сексуално биле злоупотребувани и девојчиња. Силуваните жени секојдневно можеа да ги видат своите силувачи, раскажува Хасечиќ.
Ги вртеја главите и се криеја од нив, плашејќи се од она што им го зборуваа, дека може да ги убијат и да го заколат целото семејство, ако проговорат и ако некому кажат нешто.


„Ги вртеја главите и се криеја од нив, плашејќи се од она што им го зборуваа, дека може да ги убијат и да го заколат целото семејство, ако проговорат и ако некому кажат нешто.“

Најмногу силувања се случиле откако мажите и момчињата биле одведени во логори, а жените останале сами дома. Но многу од жените биле силувани и во логорите. Претседателот на здружението „Извор“, Един Рамулиќ зборува за податоците до кои дошол.

„Една од затвореничките во логорот, Каратерм која подоцна сведочеше во Хаг, тврди дека најпрвин ја силувал управителот, а потоа се изредиле и стражарите, но и нивните пријатели кои навраќале во логорот. Најмногу силувања имало во логорот Трнопоље, каде често навраќале неидентификувани, униформирани луѓе облечени во униформи на ЈНА или на полицијата. Тие ги земале девојките па дури и малите девојчиња и ги силувале во околните куќи“, раскажува Рамулиќ.

Меморијалната гробница во Сребреница

Поголемиот дел од жените, по силувањата останувале бремени, но никој не може да каже колку деца се родени за тоа време. Денеска тие деца се наоѓаат претежно во домови за сирачиња. А оние жени кои ги задржале своите деца никогаш не им кажале кои им се татковци. Според податоците на невладините организации, само 1 процент од силуваните жени им го откриле идентитетот на татковците на нивните деца.
Во решавање на тој проблем мора да се вклучи цел тим, државата БиХ, да се направи стратегија. Да се вклучат стручњаци, психолози, психотерапевти, невропсихијатри, социолози. Сите тие мора да им помогнат на мајките да им кажат на своите деца кој им е татко, што за нив сигурно ќе биде еден голем шок


„Во решавање на тој проблем мора да се вклучи цел тим, државата БиХ, да се направи стратегија. Да се вклучат стручњаци, психолози, психотерапевти, невропсихијатри, социолози. Сите тие мора да им помогнат на мајките да им кажат на своите деца кој им е татко, што за нив сигурно ќе биде еден голем шок“,

вели Фадила Мемишевиќ, претседателка на здруженеито за загрозени нации. После Втората светска војна, во Босна и Хергеговина биле силувани најмногу жени. Систематското силување, во психологијата се објаснува како резултат на злосторничка политка и индивидуална патологија. Психологот Ибрахим Пролиќ вели дека станувало збор за еден перфиден политички мотиивиран проект.

„Проблемот не е создаден на индивиуален план. Проблемот е општествен, станува збор за идеологија и политика. Правосудството досега немаше на ум за длабочината на штетите по менталното здравје на силуваните жени. Тие имаа проблеми со идентитетот, самопочитувањето... Последиците се повеќеслојни и не можат до крај да се отстранат.“

Во федерацијата БиХ е усвоен закон со кој жените, силувани за време на војната се ставаат во категоријата цивилни жртви на војната. Тоа право не можат да го остварат во Република Српска.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG