Достапни линкови

Бизнис очекувања од новата влада


Што ќе донесе во економскиот сектор новата влада?
Што ќе донесе во економскиот сектор новата влада?

Домашната бизнис заедница од новата влада очекува завршување на веќе познатите реформи, да ги слуша и разработува нивните идеи и да обезбеди исти услови за стопанисување.

Македонските бизнисмени бараат од новата влада да има повеќе разбирање за нивните проблеми, да ги слуша, но и разработува идеите на стопанствениците, како и да нуди конкретни, а не општи решенија. Од Сојузот на стопански комори изразуваат задоволство од досегашните пакет мерки на владата за олеснување на бизнисот, но сепак додаваат дека е неопходен
Треба да се работи на намалување на даноците, подобрување на судството кое е споро и неефикасно во однос на стопанските спорови и реформирање на јавната администрација и нејзина ефикасност во служба на стопанството.
континуитет во следните области.

„Треба да се работи на намалување на даноците, подобрување на судството кое е споро и неефикасно во однос на стопанските спорови и реформирање на јавната администрација и нејзина ефикасност во служба на стопанството“, изјави Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.

За стопанственикот Ристо Ташев, приоритет на идната влада во областа на бизнисот треба да биде намалување на увозот на храна, како и овозможување на извоз на производи од животинско потекло на странските пазари.


„Новата власт треба да направи да разменуваме продукти со животинско потекло, ние сега не можеме рамноправно да извезуваме, имаме многу бариери во развојот на овој сектор.“

Славчо Јорданов, пак, кој веќе неколку години води бизнис во прехранбената индустрија вели дека на македонското стопанство му се потребни конктерни мерки. Тој очекува новата влада да обезбеди исти услови за стопанисување на сите фирми, но и финансиски стимулации за одредени гранки.
Новата власт треба да направи да разменуваме продукти со животинско потекло, ние сега неможеме рамноправно да извезуваме, имаме многу бариери во развојот на овој сектор,


„Имаме фаворизирање на овие фирми кои се во Србија, Хрватска имаат некои стимулации кои нас тука ни пречат.“

Според бизнисмените позитивен импулс за македонското стопанство може да биде членството во Европската Унија и НАТО. Сепак дел од нашите соговорници изразуваат сомневање во подготвеноста на македонските фирми да конкурираат на странските пазари.

„Ќе даде еден позитивен сигнал во меѓународната бизнис заедница најмногу околу инвестирањето во земјата“, вели Чекреџи.

„Можеби инвестиции, послободно и тоа“, вели Ташев.

„Добро е да се приспособиме преку овие ИПА фондови за да бидеме конкурентни, инаку во овој момент многу наши фирми би крахирале“, вели Јорданов.

Неколкупати досега владата воведуваше пакет антикризни мерки мнаменети за олеснувањее на водењето бизнис во земјава. Меѓу најважните беа одложувањето на рокот за плаќање на ДДВ од 15 на 25 во месецот, намалување на цената за откуп на градежното земјиште за фирми за 30 проценти и продолжување на роковите за градење.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG