Достапни линкови

Малите и средни претпријатија не умеат добро да ги претстават своите проекти, што е главна причина за недоволната искористеност на банкарските кредити, велат експертите.

Малите и средните претпријатија немаат доволен пристап до финансии, бидејќи не знаат добро да ги претстават своите проекти за банките да им одобрат заем, велат некои од експертите, кои учествуваа на конференцијата на Американската стопанска комора. Верица Василева Марковска од ААГ комуникации, кои имаат проектна линија од
Прво и основно е дека банките се жалат дека нема доволно добри проекти. Што значи дека тие не знаат добро да го сумираат она што сакаат да го добијат како кредитно барање.
Европската банка за поддршка на мали и средни претпријатија, вели дека проблемот е во тоа што фирмите не знаат добро да го презентираат нивниот бизнис пред финансиските институции.

„Прво и основно е дека банките се жалат дека нема доволно добри проекти. Што значи дека тие не знаат добро да го сумираат она што сакаат да го добијат како кредитно барање. Тоа е едната причина, меѓутоа не е само како е тоа напишано туку веројатно идејата добро да се преточи во една програма за која банката ќе процени дека тоа е исплатливо.“

Директорот на една компанија за производство на алати Ѓорче Тодоровски вели дека се судруваат со проблеми и пречки во работењето, но за разлика од минатото соработката со банките е подигната на повисоко ниво.

„Порано беше пристап до финансиите, но сега во поново време банките се накако поотворени за поддршка на фирмите во делот на кредитирање. Инаку можам да кажам дека целокупната бизнис клима во последно време, од мое лично искуство и мислење, е подобрена.“

Јован Маџовски од Центарот за развој на претприемачи и менаџери вели
За добивање на кредит во банка сметководството не е доволно, ви требаат финансии. Тоа што го анализираат банките се финансиите, не сметководството.
дека на компаниите им се потребни финансиски советници кои ќе им помогнат на најефикасен начин да дојдат до финансии. Според него, речиси сите мали и средни претпријатија немаат вработени кои раководат со финансиите, туку имаат само сметководители.

„Сметководството и финансиите се две различни професии. За добивање на кредит во банка сметководството не е доволно, ви требаат финансии. Тоа што го анализираат банките се финансиите, не сметководството. Реално, капацитетите кај малите и средни компании се многу мали, на тоа ќе треба да се работи и тоа ќе биде улогата на овие финансиски советници, не само да помогнат во пристапот туку и да ја помогнат компанијата според барањата на потенцијалната финансиска институција.“

Според експертите, врз фирмите влијание имала и кризата и затоа тие се повнимателни околу аплицирањето за добивање на кредити од банките, бидејќи им е страв дали ќе можат да го отпалат долгот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG