Достапни линкови

logo-print

УСАИД ги подржува домашните компании


Повеќе од 100 македонски компании биле подржани со финансиската платформа на УСАИД, со што се придонесува кон зголемување на економскиот раст на Македонија.

УСАИД преку финансиска платформа која е дел од проектот за конкурентност им помогнал на 116 компании од Македонија да добијат пристап до финансии, со што се отвориле 1066 нови работни места и бил зголемен извозот за 33,5 милиони долари. Директорот на проектот за конкурентност Нимиш Џавери вели дека нивната цел била да се зголеми
Банките сакаат да даваат заеми и проблемот е дека не добивале проекти кои биле прифатливи. Кога ги погледнавме проектите сфативме дека компаниите не внимаваат на условите кои ги бараат
банките.
економскиот раст во земјава, преку соработка со приватниот сектор и со кој на компаниите им се овозможува пристап до финансии. Тие најпрвин истражиле зошто некои компании добивале заем од банките, а други не. Според Џавери проблемот бил во тоа што компаниите не знаеле да им ги претстават добро своите проекти на банките и затоа не добивале заем.

„Ние всушност откривме дека банките сакаат да даваат заеми и проблемот е дека не добивале проекти кои биле прифатливи. Кога ги погледнавме проектите сфативме дека компаниите не внимаваат на условите кои ги бараат банките за добивање на кредити, како што се конкретен бизнис план или како ќе биде вратен долгот.“

Американскиот амбасадор Филип Рикер

Американскиот амбасадор Филип Рикер вели дека проектот помогнал да се намали јазот меѓу компаниите и финансиските институции, што резултирало со развој на нивниот бизнис.

„Мислам дека тоа што им овозможивме пристап до финансии на компаниите им помогна да инвестираат во нова технологија, да креираат нови работни места, да го зголемат извозот и да ја зголемат
Мислам дека тоа што им овозможивме пристап до финансии на компаниите им помогна да инвестираат во нова технологија, да креираат нови работни места, да го зголемат извозот и да ја зголемат конкурентноста на регионалниот пазар.
конкурентноста на регионалниот пазар.“

Еден од добитниците на благодарницата од проектот на УСАИД за конкурентност Симон Аврамовски вели дека проектот им помогнал на компаниите да остварат голем напредок во пристапот и работата.

„Со оваа три годишна работа со финансиската платформа, голем дел од фирмите видоа дека има вредност на професионални услуги од вистинско знаење во областа на финансиите и дека соодветна анализа, дијагностика и соодветна финансиска стратегија на некој начин гарантираат мал ризик и поголем прием.“

УСАИД во проектот инвестирал речиси 76 милиони долари, а едуцирал повеќе од 600 компании и 20 финансиски институции.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG