Достапни линкови

Економска стагнација во Битола


Битола

Битола

Стопанството во Битола со години е во стагнација. Голем број на фирми се во стечај и не се отворени нови фабрички капацитети.

Опстојуваат поситни бизниси кои не можат да обезбедат работа за армијата невработени чиј број достигна 17.000 битолчани. Вака економските состојби во градот ги проценува Ѓорги Кочовски, долгогодишен претседател на Занаетчиската комора на Битола и член на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора.
Економијата многу ни е падната, стандардот е низок, капацитетите во Битола не се на завидно ниво.

„Економијата многу ни е падната, стандардот на нашиот народ е многу низок, капацитетите во Битола не се на завидно ниво, некои нови капацитети не се отвораат. Ако ги гледаме само грчките инвестиции за мене не се кој знае какви инвестиции, а дел од нашите бизнисмени не гледам дека имаат некој добар развој во било која дејност од работа“, вели Кочовски.

Пругата Лерин - Битола


Според него, кај домашните и странските инвеститори постои страв да се отпочне бизнис зашто законите се менуваат преку ноќ.

„Како долгогодишен стопанственик најмногу сум разочаран од законската регулатива која често се менува и не дава сигурност да може да се инвестира долгорочно. Не се мали инвестициите денес да се инвестира во нешто, а денес да не знаете дали ќе издржите за една или две години.“

Ни, банките многу не придонесуваат да се подобри бизнис климата во земјава, вели Кочовски.

„Како мала држава, прометот е кај нас многу паднат. Немаме многу услови за работа. Во однос на кредитните услови кои ги нудат банките за развој не се поволни. Што се однесува на надворешните кредити, грантови и не знам што се не влезе во Македонија. Но, морам да кажам дека тие грантови во Македонија многу малку се користат и многу малку одговараат на условите на стопанствениците.“

Останува да се види колку индустриската зона Жабени каде се продадоа 25 хектари за индустриски капацитети ќе успее во догледно време да го заврти зарѓаното тркало на битолското стопанство.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG