Достапни линкови

Ќе се усогласат ли Црвенковски и Груевски?


По сите ,,надмудрувања" Црвенковси и Груевски седнуваат на заедничка маса
По сите ,,надмудрувања" Црвенковси и Груевски седнуваат на заедничка маса
Премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски утре во 13 часот ќе седнат на заеднички разговори. На нив ќе се отворат многу прашања.

Како чекор на добра волја, Црвенковски во петокот соопшти дека деблокирањето на сметката на А1 не е предуслов за разговори туку тоа ќе биде тема на меѓупартиски разговори, а остануваат и на другите услови. Пред се околу градењето консензус за
Има повеќе шанси нешто да се постигне ако се разговара, за да понатаму да не ни се враќаат повторно некои критериуми за ЕУ коишто значат враќање на демократијата во Македонија.
Изборниот закон, потоа за законот за медиуми и сите останати услови за одржување фер избори.

По сите препукувања од двете страни, средбата сама по себе се оценува како позитивен исчекор, но дали двајцата лидери ќе ги усогласат ставовите околу предвремните избори, рано е да се каже:

„Има повеќе шанси нешто да се постигне ако се разговара, за да понатаму да не ни се враќаат повторно некои критериуми за ЕУ кои што значат враќање на демократијата во Македонија“, изјави потпретседателот на СДСМ Зоран Заев.

Без конкретен и прифатлив договор СДСМ нема да учествува на избори. Пред да седне на разговори со Црвенковски, Груевски изјави тој да не излегува со барања со кои ќе купува време. ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое на прифаќањето на поканата се гледаше како обид да се излезе од ситуацијата во која СДСМ како што велат, сами се заплеткаа, но дека се надеваат дека тоа не е блеф со кој се сака да се стопира изборниот
Се надевам дека ќе се најде заеднички јазик и дека ќе престанат ултиматумите кои се испорачуваат од „улица“ и во рамки на институциите да се одвива дијалогот и компромисите околу прашањата кои се од исклучителна важност за земјата.
процес и да се пролонгираат изборите:

„Јас сум секогаш оптимист во однос на случувањата во Македонија, се надевам дека ќе се најде заеднички јазик и дека ќе престанат ултиматумите кои се испорачуваат од „улица“ и во рамки на институциите да се одвива дијалогот и компромисите околу прашањата кои се од исклучителна важност за земјата“, изјави Силвана Бонева.

Темата ,,избори" се повеќе се комплицира... По СДСМ и партиите од албанскиот политички блок со свои барања

Во албанскиот политички блок, пак, има дополнителни барања.

Нова демократија, наместо шест, бара три изборни единици и јавно го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети да ги повика претставниците на сите политички партии на разговори за предвремни избори.

ДПА бара прекројување на шестата изборна единица.

На прашање дали има потреба од мегалбански дијалог Рафиз Алити од ДУИ одговори дека не е разговарано во партијата за такво нешто:
Не е во интерес на граѓаните да има лидерски средби само на двајца претседатели на политички партии на Македонците.


„Таа идеја секако во ДУИ ќе се разгледа, дали е во интерес на електоратот.“

Во сите политички партии се согласуваат дека крајно време е лидерите да сфатат дека во прашање се демократските процеси и дека досегашните случувања покажуваат дека со конфронтации ништо не е решено, но во ДУИ оценуваат дека средбата Груевски-Црвенковски не е вистинскиот модалитет работите да тргнат напред бидејќи, како што рече Алити, биле заобиколени другите партии:

„Не е во интерес на граѓаните да има лидерски средби само на двајца претседатели на политички партии на Македонците.“

СДСМ се против средби на кои, како што рече Црвенковски, премиерот ќе донесе партии кои ја сочинуваат владеачката колиција и тие ќе говорат со часови, а Груевски само неколку минути, а Заев рече дека на овие разговори во вторник треба да се договори потоа и лидерска средба.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG