Достапни линкови

Без промени


На Конгресот, Груевски едногласно реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

На Конгресот, Груевски едногласно реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Пофалбите за успесите нереални, повиците за избори невозможни без фер услови, е оценката на опозицијата за конгресот на ВМРО-ДПМНЕ.

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ не беше изненадување за повеќето политички партии во земјава. Повикот за предвремени избори во најскоро време на старо-новиот претседател Никола Груевски, го поддржува и Демократската унија за интеграции. Од оваа партија сакаат избори, но се уште не одлучиле дали ќе се согласат на избори кои би ги бојкотирала опозицијата.

„Добро би било да се дојде до еден консензус меѓу опозицијата и парламентарното мнозинство. За тоа дали ќе се согласиме да се оди на предвремени избори без опозицијата, ќе решаваат органите на ДУИ“, изјави Сафет Незири од ДУИ.
За тоа дали ќе се согласиме да се оди на предвремени избори без опозицијата, ќе решаваат органите на ДУИ.


Од СДСМ велат дека пофалбите за успесите на преродбата кои на вчерашниот конгрес си слушнале од Груевски воопшто не соодветствуваат со реалноста. Од таму велат дека повикот за избори е всушност повик кој го иницирала опозицијата, но дека таа не поддржува избори доколку не се создадени фер и демократски избори за нив, односно доколку не се исполнат веќе познатите барања за прочистување на избирачките списоци, слободни медиуми и измени во изборниот законик. Според СДСМ, постоечкиот закон е неприменлив за дијаспората, а во него не се вклучени ниту измените кои се однесуваат на гарантираните мандати на помалите етнички заедници.

Опозицијата не отстапува од барањата

Обвинувањата на Груевски дека опозицијата го штити криминалот, не сакаше да ги коментира опозициската Нова демократија, но од оваа партија остануваат на ставот дека во собранието ќе се вратат тогаш кога власта ќе им ги исполни барањата.

„Барања кои што ги имавме истакнато како многу потребни токму во делот на постигнување на политички дијалог што овозможува градење на
Во овој момент зависи од неговата добра воља да се седне, лидерите на партиите да се договорат сите овие критериуми, услови, измени на законикот, ажурирање на списокот, па после да се влезе во Собранието.
консензус“, изјави Флора Кадриу од Нова демократија.

Независно од апелите и решеноста на власта да распише избори и да ги спроведе во најскоро време, од опозициската Нова социјалдемократска партија остануваат одлучни да не излезат на избори доколку претходно не им бидат исполнети условите. Во секоја земја избори се прават кога за тоа има поволна клима, што не е случај во моментот кај нас, вели лидерот на НСДП, Тито Петковски

„Во овој момент зависи од неговата добра волја да се седне, лидерите на партиите да се договорат сите овие критериуми, услови, измени на законикот, ажурирање на списокот, па после да се влезе во Собранието“, изјави Петковски.

Во својот говор, Груевски вчера рече дека мора да победи правната држава, спроведувањето на правото и законите, а не како што рече хоштаплерајот.

„Кога расплетовме една пајакова мрежа, добивме силни удари“, рече Груевски.

Еве како ова го коментираше Петковски:

„Никој од нас не говори за Велија Рамковски и криминалот, ние говориме дека она што го тврдат и Американците, а тоа е дека треба да се остават медиумите“, вели Петковски.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG