Достапни линкови

Нова кавга ВМРО ДПМНЕ-ДУИ?


Вистински спор или позиционирање пред избори? Засилена меѓупартиска напнатост меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Засилената меѓупартиска напнатост, на релација ВМРО-ДПМНЕ - ДУИ, укажува на тоа дека партиите секако се подготвуваат за предвремени избори, анализираат дел од експертите. Ваквата атмосфера ја подгреаја последните случувања околу гувернерската функција. Од партијата која вчера реагираше на изборот на Богов за гувернер, нема нов коментар. Вицепремиерот Абдулаќим Адеми, сепак, ги оцени релациите со коалицискиот партнер како добри, а забелешките се однесувале само на
Јас мислам дека ова е се во склоп на предизборието каде што двете страни веќе почнуваат да фаќаат позиции кај своите избирачи
претседателот, откако тој излезе со став дека предлгот треба да биде повлечен зашто во спротивно тие нема да го подржат, а регираат зошто не биле консултирани за решението:

„Јас мислам дека тоа е резултат на предизборието. Тие целат на некои позиции, во смисла дека е време и албански менаџери да раководат со некои од тие битни функции. Јас мислам дека ова е се во склоп на предизборието каде што двете страни веќе почнуваат да фаќаат позиции кај своите избирачи“, коментира политичкиот аналитичар Алберт Муслиу

Предлогот Димитар Богов за иден гувернер на НБРМ ги скара владините партнери

Пред да биде предложен Богов, упатени тврдеа дека гувернерската позиција е резервирана за кадар од албанскиот политички блок. Од кабинетот на Иванов рекоа дека не консултирале ниту една политичка партија. Дел од политичките субјекти регираа дека гувернерот не претставува политичка, туку стручна функција.

Политичкиот аналитичар Владимир Мисев има понакво размислување, дека би било добро да се консултираат сите релевантни фактори околу изборот на гуверенер и не гледа дека овој потег е дел од предизборна камапања. Според него, првенствено оваа ситуација е конфликт меѓу ДУИ и претседателот и инсистира дека Претседателот не може да ја игра улогата на ВМРО-ДПМНЕ:

„Можеби овој предлог кој што доаѓа од страна на претседателот и да е добар, меѓутоа се воспостави една пракса на носење на одлуките со барање на
Можеби овој предлог којшто доаѓа од страна на претседателот и да е добар, меѓутоа се воспостави една пракса на носење на одлуките со барање на поширок консензус, што секако е добро за
демократијата.
поширок консензус, што секако е добро за демократијата. Жал ми е што не функцинираат лидерските средби, иако главниот политички дијалог секако треба да се одвива во Собранието.“

ДУИ важи како партија која е фаворит во етничката трка и истата во претходниот изборен циклус го воспостави непишаното правило да се чека победникот од другата страна. Она што ќе го донесе постизборниот период е неизвесно и секоја политичка партија ќе си го гледа својот интрес, анализира Муслиу:

„Во предизборието се е можно, политичките партии на овие предвремени
И по низата непријатни моменти коишто се случија на скопското Кале, гледаме дека владиното мнозинство остана доста конзистентно и
стабилно.
избори ќе остават отворени врати за секоја комбинаторика.“

Но, во овој момент, владејачкото тело во своето фукционирање е доста стабилно, оценува Мисев:

„И по низата непријатни моменти кои што се случија на скопското Кале, гледаме дека владиното мнозинство остана доста конзистентно и стабилно.“

ДУИ неколку пати досега најавуваше можност за напуштање на коалицијата, но тоа не се случи.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG