Достапни линкови

logo-print

Црвенковски прифаќа средба со Груевски


Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски и премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски и премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски

Црвенковски го повика Груевски во најбрз рок да свика лидерска средба за да се договорат околу натамошните преговори.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски ја прифати поканата на премиерот Никола Груевски за остварување на тет а тет средба која треба да се одржи во понеделник или вторник. На средбата, според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се разговара за отворените прашања во пресрет на претстојните парламентарни избори. Црвенковски го повика Груевски во најбрз рок да свика лидерска средба за да се договорат како ќе се одвиваат меѓупартиските
Навистина е чудно како човекот успева да ми ги чита мислите или можеби ми ги чита разговорите? Како и да е поканата за средба му ја прифаќам и однапред му соопштувам дека прашањето за избори не е само прашање меѓу СДСМ и
ВМРО-ДПМНЕ.
преговори.

„Навистина е чудно како човекот успева да ми ги чита мислите или можеби ми ги чита разговорите? Како и да е поканата за средба му ја прифаќам и однапред му соопштувам дека прашањето за избори не е само прашање меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, дека ние можеме на таа средба да разговораме за многу работи, дури и да се договориме, меѓутоа останува потребата од закажување лидерска средба.“

За нов претседател на ДИК го предложија Борис Кондарко, но ја повикаа власта дека изборот без опозицијата можеби ќе биде легален, но не и легитимен. Црвенковски вели дека во знак на добра волја се откажале од предусловот за одблокирање на сметките на А1 телевизија и весниците
Груевски може да има и 62 и 63 пратеници, може да има и двотренско мнозинство во владечката коалиција, може да има и претседател на држава и незнам колку градоначалници, меѓутоа тоа не е доволно за да ги организира изборите така како што тој
сака.
Шпиц, Време и **** е ре.

„Од тоа наше барање ние не отстапуваме и на неговото исполнување ќе инсистираме до крај, но од денска тоа веќе не го сметаме за предуслов за почеток, туку за предмет во меѓупартските разговори.“

Според Црвенковски, СДСМ сака предвремни избори, но само доколку биде постигнат договор.

„Груевски може да има и 62 и 63 пратеници, може да има и двотренско мнозинство во владечката коалиција, може да има и претседател на држава и не знам колку градоначалници, меѓутоа тоа не е доволно за да ги организира изборите така како што тој сака. Мора да има договор со опозицијата, тоа е правило во секоја нормална земја.“

Другите предуслови кои ги побара СДСМ за да се врати во Собранието се отстранување на министерот за правда од Судскиот совет, закон со кој Владата ќе мора да се рекламира на сите електронски и пишани медиуми подеднакво, како и вклучување на меѓународни претставници во измените на изборниот законик и формирање на паритетна Собраниска комисија која ќе работи на прочистување на избирачкиот список.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG