Достапни линкови

logo-print

Шукарова ја заокружува балетската кариера


Балетската уметница Искра Шукарова, по дваесет години на сцена, реши да си замине од Македонскиот балет и така да ја заокружи својата класична балетска кариера.

Искра Шукарова, македонската балерина и кореографка, во годината кога ја заокружува втората деценија од својата класична балетска кариера, реши да си замине од Македонскиот балет. Во овој период како активна танчарка таа најнапред беше солист, потоа истакнат солист, реализираше 16 кореографии и оствари голем број улоги од железниот репертоар, а во еден период беше и директор на нашата национална балетска куќа.
За мене е многу важно тоа што имав среќа и можност да соработувам со навистина големи имиња во сферата на класичниот балет и да остварам бројни улоги од класичниот балетски репертоар. Ете после 20 години може да се заокружи кариерата со улогата во
Рајмонда.


„За мене е многу важно тоа што имав среќа и можност да соработувам со навистина големи имиња во сферата на класичниот балет и да остварам бројни улоги од класичниот балетски репертоар. Ете после 20 години може да се заокружи кариерата со улогата на мадам Дорис во Рајмонда.“

Сепак, нејзиното заминување од сцената не подразбира и прекинување на соработката со Македонскиот балет бидејќи Шукарова на 13 април ќе ја потпише кореографијата за премиерата на балетската поставка на познатата оркестарска пиеса Болеро од францускиот композитор Морис Равел.

„Ќе имам премиера во МОБ со Александра Мијалкова, заедно работиме на
Да се пренесе она што е квалитетно и надвор од нашата земја бидејќи има бројни фестивали кои бараат такво нешто и бараат Македонија да биде мапирана на нив, бидејќи сепак ја нема во доволна мера, а квалитетот
расте.
креирања на Болеро, креиран за неа, што ќе биде во рамките на репортоарот на МОБ.“

Уметницата која во јавноста е позната особено преку нејзините современи танцови остварувања во рамките на Локомотива – центарот за нови иницијативи во уметноста и во културата, во наредниот период ќе гостува на неколку значајни интернационални фестивали.

„Во Њујорк во април сум поканета на фестивал, а потоа настапувам во Бугарија.“

Шукарова, која во моментов е професор на Факултетот за музичка уметност на новоотворениот отсек за Балетска и современа танцова педагогија, забележува дека сега е најважно:

„Да се пренесе она што е квалитетно и надвор од нашата земја бидејќи има бројни фестивали кои бараат такво нешто и бараат Македонија да биде мапирана на нив, бидејќи сепак ја нема во доволна мера, а квалитетот расте.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG