Достапни линкови

Интервју - Елизабета Канческа Милевска


Некоја документација од проектот не може да се најде. Веднаш го пријавивме случајот во МВР и додека тој не биде затоворен не можам да зборувам во врска со таа процедура.

Ќе започнам со случајот со исчезнувањето на дел од тендерската документација за проектот ,,Скопје 20104". Вие се обидовте да објасните дека не е баш така како што обвинува опозициската СДСМ, но факт е дека сепак дел од таа документација недостасува. Чувствувате ли некакава одговорност за тоа што се случи?

Па, добро јас во периодот кога СДСМ, односно г-динот Ивановски излезе на прес конференција, јас во тој период бев на службено патување така што мислам дека и за вашето радио дадов една изјава од Украина и чувствував одговорност сепак да дојдам и самата како министер за култура да одржам една прес конференција што и го направив. Oдржавме две прес конференции, на првата и тогаш, а еве и сега ќе потенцирам, кажав дека во периодот некаде во август при средувањето на документацијата, бидејќи навистина имаме голем број на проекти што се реализираат во министерството и голем дел од проектите се во една во друга канцералија така што направивме соодветен простор за да ја средиме документацијата, бевме известени дека при средувањето, некоја документација неможе да се најде, така што имаше еден интерен допис кој што нели и г-динот Ивановски го имаше, веднаш случајот го пријавивме во МВР и јас додека случајот самото министерство не го затвори, јас неможам да излегувам и да кажувам во врска со таа процедура што беше започната од самото министерство за култура, ние ќе ја почекаме информацијата од министерството за внатрешни работи околу тој процес, но сепак и на првата и на втората прес конфренција кажав и еве сега ќе повторам, воопшто не станува збор како што беше кажано од страна на г-динот Ивановски, дека исчезнала милионска сума на тендреска документација, дека не постои проектот ,,Скопје 2014" итн... Така што јавноста можеше директно да се запознае со целокупната докуметнација, да изврши увид во документацијата и по законот за слободен пристап до информации секој граѓанин исто така може на негово лично барање да изврши увид во документацијата.

Ако добро ве разбрав ќе го чекате извештајот од МВР пред да преземете некакви мерки спрема одговорните?

Какви мерки да преземам, не ве разбирам.

За државните службеници?


Ние како министерство за култура согласно законот за државни службеници си имаме преземено мерки. Тие се, дисциплинска постапка итн.

Некои од тие луѓе се казнети?


Да, имаме спроведено дисциплинска постапка.

Сумата која што ќе биде потрошена или дел е потрошена за изградба на проектите каде што министерството за култура е инвеститор одбегнувате да ја споменете. Можете ли барем да ни кажете дали реализираните проекции ги надминуваат оние што се проектирани?

Значи воопшто не можам да се согласам со тоа дека не сакаме да кажеме, сите договори кои што се склучени од страна на министерството за култура се наоѓаат на интернет страната на Бирото за јавни набавки. Сега и вие веднаш да се вклучите ќе може да видите колку договори се склучени, колку средства се потрошени итн... Сето тоа е јавно и транспарентно. Никогаш министерството за култура ниту има нешто скриено, ниту има намера нешто да крие.

Вие нема да ми кажете колкава е сумата?

Значи можам слободно да ви кажам, значи за секој објект имаме, како да ви кажам... на почетокот нормално имате проектантски суми од страна на проектантите за самиот објект, тие проектантски суми, односно нормално тие проекти одат на тендер, потоа се склучува договор итн. Јас можам да ви кажам дека за Стариот театар договорот за карабина е околу два милиони евра, потоа имаме договор за инсталации итн. Значи има фазно градење каде што имаме неколку договори во однос на целата изградба, на пример Музејскиот комплекс е ,,клуч на рака" и самиот договор што е склучен со Бетон - Штип околу карабината и сите останати фази е околу четири и пол милиони евра, значи за целокупната градба. За другите објекти за она што е склучен договорот, сумата можам да ви ја кажам. Договор постои, тој го има на Бирото за јавни набавки и може точно да се види сумата, но да ви кажам сега колку ќе чини целиот објект, а целиот објект сеуште не е завршен, неможам да ви ја кажам точната сума бидејќи не се завршени сите тендери кои што ќе го затворат целиот објект.

Дали покрај поставувањето на тие споменици кои што факт е дека чинат... Дали покрај тоа најдовте време, средства, простор, за да се промовира македонската култура во светот?

Министерството за култура не е надлежно за поставување на спомен обележја. За тоа ќе треба да се обратите до надлежните институции, а според законот тоа се општините, и Собранието на РМ. Ние како министерство за култура врз основа на буџетот водиме максимална грижа за еден рамномерен развој на сите дејности во областа на културата, која сепак е една специфична категорија односно тука имаме широк спектар на дејности за заштита, од музичко сценска, од театарска, од меѓународна соработка, од библиотечна итн. Значи водиме максимална грижа за локален културен развој, за меѓународна промоција на културата, за рамномерен пристап во сите дејности, како никогаш до сега можам да кажам дека се подржуваат проекти и за националните институции и на локалните институции, проекти на НВО, здруженија на граѓани итн.. Се со цел промоција на културата, подигнување на свества за значењето на културата, промоција на културното наследство и творештво. Така што водиме максимална грижа и можам да ве уверам дека како никогаш досега се вложуваат средства за промоција на културата во сите дејности надвор од нашата држава.

Факт е дека политиката е длабоко навлезена во културата, исто како што е и во секоја друга сфера од општеството. Зошто дозволувате вработувања на партиски кадри, значи на луѓе кои што се членови на партии да раководат со значајни институции?

Јас не би се согласила со вашата теза дека културата е политизирана, напротив воопшто не е политизирана според мене. Можете еве да посочите кое е тоа партиско лице кое што е назначено и добро би било кога давате некоја теза да имате и аргумент за сето тоа. Воопшто не се согласувам, напротив сите директори што се поставуваат, што сум ги поставила во овој период додека сум министер, конкурсот е многу транспарентен, јавен, секој има можност да учествува на конкурсот за избор на директор на одредена институција, треба да достави одредена програма и визија за напредокот и развојот на таа инсититуција. Ние го сменивме и самиот концепт на избор, се формира посебна комисија во министерството за култура, каде што се валоризира и вреднува трудот и програмата што некој ја вложил за да биде директор на таа институција. Јас како министер за култура исто така со сите кандидати остварувам интервју, разговараме, се со цел навистина да се избере личност чија што уметничка вредност ќе надвладее, неговата уметничка вредност, неговите менаџерски способности затоа што сметам дека само на тој начин навистиан можеме да имаме еден солиден развој и еден навистина успешен општо цивилизациски развој во државата и надвор од нејзе.

Значи тврдите дека воопшто не е потребно тоа лице да има партиска книшка?

Ние како што гледате, во изминатиот период имавме трансформација на над 450 лица во сите институции од областа на култура, лица кои што долго време наназад по осум, девет, десет години се преку Агенции за приватни вработувања и преку договори за дело.

Да позборуваме за уметниците и нивниот третман. Кога сите овие луѓе кои што спаѓаат во оваа фела ќе се почувствуваат достоинствено?

Направивме многу, голем исчекор во таа насока. Значи, како што споменав покрај вработувањата што се направија исто така се зголемија платите во театрите, 40 отсто во таа дејности, покрај оние 10 отсто зголеменување за вработените во администрацијата. Така што платите во уметничкиот кадар се зголемија 60% од претходните плати.

Министерке имате ли чувство дека македонската култура е во сенка на кичот. Како го коментирате фактот дека одредени турбо фолк пеачи полнат сали до последното место, а за една балетска или театарска претстава има се помалку интерес?

Тоа зависи од свеста за значењето на културата. Од свеста на секој поединец за културата и културните вредности на државата, мислам дека треба да се делува од најмалите години да се подигнува свеста, да се оди на театар, на балетски претстави, на филхармонија итн. Еве вие гледате и ќе кажам дека македонската филхармонија, макеоднската опера и балет почнаа со еден нов концепт се со цел да се подигне таа свест уште од најмали генерации, има претстави кои што се модифицирани за најмалите генерации. Ние како министерство за култура се грижиме во делот на финансирањето на сите оние проекти што се од големо значење за подигнување на свеста за оние културни дејности кои се од големо значење за самата држава.

Во која сфера од културата гледате најголеми недостатоци?

Верувајте водиме максимална грижа во однос на годишната програма што ја финансираме. Знаете дека во месец јуни транспарентно се објавува оглас и во печатените медиуми каде што секој може да партиципира со проект што е од значаен интерес во областа на културата, потоа формираме комисии од стручни лица ги разгледуваме и врз основа на таа процедура ја објавуваме годишната програма. Значи сето она што министерството за култура го финансира, максимално водиме грижа да се обезбедат средства за сите дејности, да максимално се поддржат квалитетни проекти и генералната политика е во таа насока, рамномерен пристап до сите дејности од областа на културата.
XS
SM
MD
LG