Достапни линкови

logo-print

Од 29 октомври до 7 ноември, во организација на ЛОКОМОТИВА – Центарот за нови иницијативи во уметност и во културата, ќе се одржи второто издание на Интернационалниот фестивал за модерен танц ЛокоМоушн, чие мото оваа година е Движењето како значење.

Мртва природа во изведба на трупата на Изабел Шад, проект реализиран од Гуд-ворк продакшн и подржан од културните институции на Германија и Франција, Атеље и Улисис на словенците Бара Коленц и Јуриј Коленц, Кратки резови на НОМАД АКАДЕМИЈА во која делуваат Жана Пенчева од Бугарија и нашите Кире Миладиноски и Александар Георгиев, Боже, само ѓаволот да не го украде ритамот на американците Илаја Рубин и Марк Бламберг и Ноу. тхинг на швајцарската трупа Линга и кореографите Катарина Гдањец и Марко Канталупо, се перформансите кои македонските љубители на танцот ќе имаат можност да ги проследат на второто издание на Интернационалниот фестивал за модерен танц ЛокоМоушн зад кое стои ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и во културата кое е предвидено да се одржи во перидот од 29 октомври до 7 ноември. Програмските целини ќе се одвиваат во Македонскиот народен театар, Македонската опера и балет и Младинскиот културен центар, а мотото на манифестацијата овојпат е
Мотото, ,,Движењето како значење" го одбравме за да истакнеме дека современиот танц е уметност за која преку знаците забележани во разновидните концепти, во кореографските партитури, всушност комуницира со нас на различни нивоa
Движењето како значење.

,,Мотото, ,,Движењето како значење" го одбравме за да истакнеме дека современиот танц е уметност за која преку знаците забележани во разновидните концепти, во кореографските партитури, всушност комуницира со нас на различни нивоа."

вели кореографката Искра Шукарова, која заедно со Билјана Тануровска Чулавковски, се јавуваат како селекторки на годинешната програма на ЛокоМоушн. Инаку, во петте фестивалски вечери, публиката покрај различните танцови креации, ќе има можност да проследи и една филмска проекција и музички концерт. Ќе биде прикажан филмот на Швајцарката Елоди Понг – Тајни на тезга, а во рамките на истата мултидисциплинарна вечер на изведувачки уметности ќе се одржи и настапот на нејзиниот сонародник раперот Роберто Гариери и неговиот придружник Ди-Џеј Игл.

,,Се обидуваме да споиме различни медиуми во уметноста со филм, со танц и со концерт."

дополнува Шукарова.
Како додатна програма на вториот ЛокоМоушн ќе се одвива и работилницата ФАСТ-ФОРВАРД која ќе ја водат Хелен Ларсон и Корина Опреа. На овој едукативен дел од манифестацијата преку соработка со локални танчери, кореографи и танц менаџери ќе се работи на истражување на состојбите во кои се создава современиот танц, неговиот однос со институциите и како оваа танцова форма денес може да ги реформира институционалните контексти. Фестивалот е реализиран во рамките на проектот Градина на Европа, како дел од активностите на Номад танц академија, а подржан е од Швајцарската програма за култура во Западен Балкан, Европската програма за култура 2007 – 2013, Министерството за култура на Република Македонија, Град Скопје, Гете-институт и Германски недели 2009, Американската амбасада, Францускиот културен центар и други институции во земјава.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG