Достапни линкови

Битола без кардиохирургија


Во битолскиот здравствен дом нема одделение за кардиохирургија

Во битолскиот здравствен дом нема одделение за кардиохирургија

Според бројот на срцеви болни, Битола се наоѓа на второ место во државата, веднаш по Скопје, но во градот нема Одделение за кардиохирургија.

И покрај ваквите аларматни податоци во градот се уште нема оделение за интервентна кадриохирургија, па пациентите со срцеви удари во најкритичните моменти од животот, кога секоја минута е значајна, се транспортираат по клиники во други градови.
Во ноќните часови доживеав инфаркт, а тука во Битола има само кардиолози, нема кардиохирургија да може да се интервенира. Треба да те транспортират во Охрид или во Скопје, во услови кога првите седум осум саати се најважни за да ти вградат стент.


„Во ноќните часови доживеав инфаркт, а тука во Битола има само кардиолози, нема кардиохирургија да може да се интервенира. Треба да те транспортират во Охрид или во Скопје, во услови кога првите седум осум саати се најважни за да ти вградат стент, а уште на старт во Битола губиш неколку часа со прегледи и одредена терапија и друго“, раскажува еден битолски пацинет.

И покрај најавите дека во битолската болница ќе проработи одделение за кардиохирургија, досега такво не е отворено. Надежите на срцево болните беа насочени кон приватнта клиника Филип Втори која подолго време планира проширување на кардиолошката дејност и во овој регион, но во вода
Значи има една голема бројка на пациенти. Многу луѓе и не можат да дојдат или завршуваат некаде каде што не треба, па добар дел од пацинетите имаат последици кои можат да се избегнат или да не се случат.
потонаа обидите на доктор Жан Митрев да закупи одреден простор во градот, иако претходно работите биле договорени. Но, и по ова, тој вели дека не се откажува од проширување во Битола зашто бројот на срцево болни е голем и пацинетите имаат потреба од соодветен лекарски третман.

„Според бројот на жители и подрачјето кое го зафаќа Битола, таа е на второ место после Скопје по број на срцеви болни во државата, ако ја гледаме статистиката на пацинети од кои градови доаѓаат на лекување. Значи има една голема бројка на пацинети. Многу луѓе и не можат да дојдат или завршуваат некаде каде што не треба, па добар дел од пацинетите имаат последици кои можат да се избегнат или да не се случат“, вели доктор Митрев.

И на ниво на држава статистиките за кардиоваксуларни заболувања се загрижувачки. Според бројот на жители и бројот на операции во текот на една година до 2007-ма, Македонија спаѓаше во земји до 500 операции на отврено срце или 250 операции на еден милион жители. Од тогаш па наваму државата се вбројува во земјите со 1100 операции годишно односно 550 операции на отворено срце на еден милион жители. Според груби проценки годишно има по 30 000 новорегистрирани кардијални пациенти, а дури 60 отсто од смртните случаи во државата се поради болести на кардиоваскуларниот систем.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG