Достапни линкови

Прилепската итна помош во „дефект“


Автомобилите на брзата помош во Прилеп во распаѓање
Автомобилите на брзата помош во Прилеп во распаѓање

Прилепската служба за итна медицинска помош не може да одговори на потребите и барањата на пациентите, поради амортизираните возила кои секој ден се во дефект.

При последниот инцидент бил загрозен животот на пациент кој се транспортирал до градската болница, со цијаноза, болки во градите, со терапија со кислород. Но, возилото во еден миг целосно откажало, како што велат возачите среќа што дефектот се случил во градот, да биле на отворен пат, не ќе останело ништо ниту од пациентот, ниту од екипата која интервенирала на терен.
Има излетано некое комбе од левата страна, се обиделе да прикочат, но во тој момент откажал воланот, откажала предницата, колата му паднала, застанала на сред улица. Се скршила вилушката. Ова е само еден од инцидентите кои се случуваат буквално секој ден или преку еден ден со возилата на итна медицинска
помош.


„Има излетано некое комбе од левата страна, се обиделе да прикочат, но во тој момент откажал воланот,
откажала предницата, колата му паднала, застанала на сред улица. Се скршила вилушката. Ова е само еден од инцидентите кои се случуваат буквално секој ден или преку еден ден со возилата на итна медицинска помош“, вели д-р Гоце Јонзоски, началник на прилепската служба за итна медицинска помош.

Во критичниот момент, на сервис било и другото возило, па за иста интервенција бил испратен и последниот трет автомобил, кој што постојано се расипува.

„Среќа имале што не направиле сообраќајка, вилушка откачена..со оваа отидов, сино светло нема, до болница онака на ризик го однесов пациентот“, вели возачот Тале Соколоски.

По овој инцидент сите вработени во службата, докторите, медицинските сестри, а најмногу возачите се вознемирени. Велат веќе не можат да го издржуваат притисокот и ризикот на кој што се изложени секојдневно. При секој повик, се молат на Бог трите возила кои им се на располагање да не откажат, додека интервенираат.

„Ниедна кола не е способна да оди надвор од градот, само единствено комбето може да оди надвор од градот, во селата ризик е да појде, може дефект во секој момент да остане. Секој ден се поправаат, не чинат одоздола, не чинат предници, не чинат волани, не чини“,
Ниедна кола не е способна да оди надвор од градот, само единствено комбето може да оди надвор од градот.
реагира Кире Велески, кој повеќе од 3 децении работи во службата.

Тој додава дека секогаш се соочувале со извесни проблеми во работата, но вели вака не било никогаш. Состојбата е катастрофална со возилата потврдуваат и другите колеги возачи, а целиот персонал вработен во службата бара итно од Министерството за здравство да се набават најмалку два автомобила. Велат не можат да интервенираат ни во селата во двете општини Кривогаштани и Долнени. Често им се случува возилата да заглават во кал, зашто никогаш и немало во службата соодветно теренско возило.

„Покрај нивната јавна забрана за некупување на возила во јавните здравствени установи, сепак ние не бараме, возила за шетање, не бараме луксузни возила, бараме строго наменски возила за итна медицинска помош“, апелира налачникот д-р Јонзоски.

Возилата се набавени пред околу 13 години, а изминале во просек по 300.000 километри. Ниту едно од нив нема ротационо светло и сирена, според законските прописи за возило на итна помош. За да се избегнат несакани последици кои може да имаат фатален крај, сите вработени во прилепската итна помош, бараат Министерството, наместо негативен одговор како досега, да изврши итна набавка на возила.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG