Достапни линкови

Бранителите бараат поголеми права


Барања на бранителите

Барања на бранителите

Бранителите, учесници во конфликот во 2001 година, бараат Владата да им обезбеди работа и поголеми права во сите сфери од општествениот живот.

Околу 1500, или приближно 10 отсто од бранителите-членови на Сојузот на здруженија на борци од 2001-та, бараат Владата да им обезбеди работа, а сите 12.000 членови да остварат поголеми права во сите сфери од општествениот живот.
Бранителите преку нивната Работна група, формирана пред 10 месеци, ги дефинирале сите свои барања кои инсистираат да бидат вградени во посебен закон или во постоечките законски регулативи. За нив е важно да ги решат
Основни барања се за загинатите бранители и нивните семејства, за инвалидите од 2001 нивниот статус да се реши
до крај.
своите проблеми, зашто имаат посебни заслуги во одбраната на суверенитетот и интегритетот на Република Македонија.

„Основни барања се за загинатите бранители и нивните семејства, за инвалидите од 2001 нивниот статус да се реши до крај“, вели Предраг Петрушевски, претседател на Здружението на бранители од Куманово.

Тој додава дека државата треба да се заложи и да ги реши социјалните проблеми на бранителите, а не тие и натаму да бидат невработени и да се борат за гола егзистенција.

„Да приватните фирми кои запослуваат бранители, да бидат ослободени од пензиско и здравствено осигурување, односно тие би паднале на товар на
Да приватните фирми кои запослуваат бранители, да бидат ослободени од пензиско и здравствено осигурување, односно тие би паднале на товар на државата, значи со тоа да се стимулираат приватните фирми, да ги запослуваат бранителите.
државата, значи со тоа да се стимулираат приватните фирми, да ги запослуваат бранителите, да бранителите како чесни луѓе го печалат својот леб, ги хранат своите фамилии, ние не бараме помош, не бараме милостина од државата“, додава Петрушевски.

Во сферата на здравството, Сојузот инсистира да се обезбеди бесплатна здравствена заштита и лекување на сите членови.

„Бесплатно лекување на бранителите, учесници во 2001 на сите нивоа. Не само во примарното, туку и во секундарното здравство. Значи државата, без разлика дали ќе се работи за некоја комплицирана операција, за некое комплицирано лекување, што кошта скапо, да ги преземе тие трошкови. Примарнито исто здравство, значи основните оние прегледи лекарски“, потенцира Петрушевски.

Бранителите бараат поголеми бенефиции и во сферата на образованието за себе, од аспект на бесплатна преквалификација, доквалификација, но и приоритет за нивните деца при упис и сместување во студентските домови. Припадниците на Сојузот на борци, велат дека ќе остават државата да го дефинира нивниот статус. Нема да противречат, само инсистираат да бидат исполнети нивните барања, при тоа неопределувајќи временска рамка.

„Комисиите кои бараме да бидат составени во ресорните институции, тие да одредат име и назив и облик на легитимација, која ќе се издава на бранителите, значи тие ќе одлучат кои сме ние, борци, бранители, учесници во конфликт. Ние сме борци на Република Македонија во 2001“, вели Петрушевски.

Своите барања бранителите деновиве ќе ги достават лично до Владата, а ќе ги испратат и до Парламентот. Како што велат се надеваат дека овој пат Владата ќе има слух за нивните барања.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG