Достапни линкови

(Не)Квалитетни вакцини?


Во екот на епидемијата од мали сипаници, надлежните велат дека нема простор за стравување, а кај родителите дилеми и паника за квалитетот на вакцината.

Епидемијата од мали сипаници внесе паника кај граѓаните. Особено исплашени се родителите на децата кои се уште не се вакцинирани против ова заболување. Дилемите за квалитетот на вакцината и стравот од несакани ефекти по вакцинацијата, со нас ги сподели мајка на едногодишно дете.
Доколку се покаже дека овие не се квалитетни, тогаш секако дека ние како родители би доплатиле и би партиципирале во набавка на квалитетни вакцини


,,Не ставаат во заблуда дали воопшто детето да го носиме, да го изложуваме на тој ризик и со тие последици што ги има и реакции за да не дај боже повторно да се заболи од истите. Доколку се покаже дека овие не се квалитетни, тогаш секако дека ние како родители би доплатиле и би партиципирале во набавка на квалитетни вакцини."

Упатените велат дека најчесто заболуваат деца кои воопшто не биле вакцинирани. Сепак не е исклучена можноста мал процент на лица кои ја примиле вакцината, повторно да заболат, вели микробиологот Никола Пановски. Тој посочува дека за квалитетот на вакцината, е особено важно условите во кои се чува.

,,Овие вакцини се составени од живи вируси кои не предизивкуваат заболувања, туку само предизвикуваат отпорност, имунитет, и бидејќи се живи, ако во тек на транспорт угинале тие вируси, апсолутно вакцината е неделотворна."
Како за секој производ, вакцините од познати производители се поскапи. Посигурно е да купите мерцедес, отколку некој нов производ за кој незнаете дали е доволно испитан на пазарот


Од позиција на поранешен директор на Фондот за здравство, Пановски вели дека за квалитетот на вакцината во голема мера одлучува и нејзината цена. Искуството покажало дека поевтините вакцини, не ретко се со полош квалитет.

,,Како за секој производ, вакцините од познати производители се поскапи. Посигурно е да купите мерцедес, отколку некој нов производ за кој незнаете дали е доволно испитан на пазарот."

Од Бирото за лекови велат дека сите вакцини кои пристигнуваат се регистрирани и нивниот квалитет е проверен. Директорот на бирото Илчо Захариев тврди дека тие се квалитетни и оти се чуваат во соодветни услови.

,,Утврдени се процедури до кои се придржуваме во делот на системот на набавка, нивниот квалитет, транспорт, чување на вакцините."

Вонредната вакцинација против мали сипаници е во тек. Поради епидемијата, порано се вакцинираат бебињата наместо на 13 месечна возраст, вакцината можат да ја примат во шестиот месец. Инаку имунитетот на вакцината се стекнува за две до три недели. Лекарите посочуваат дека несакани последици по примањето на вакцината се зголемена телесна температура и лесен осип по телото.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG