Достапни линкови

logo-print

Македонија, пасивна


Зградата на Владата

Зградата на Владата

Меѓународната заедница покажува разочараност од индолентноста, пасивноста и немањето конкретни предлози од страна на Македонија во однос на спорот за името.

Премногу долго Македонија нема свои предлози освен некои кулоарски, индолентна е и несвесна за пошироката димензија на проблемот и последиците од неговото подолго егзистирање и затоа нетрпението и разочарувањето кај меѓународната заедница расте дури и кај нашите традиционално декларирани пријателски земји, велат експертите. Повод за ваквите коментари е последната порака од словенечкиот амбасадор во Македонија која бара поголема активност на владата, но и зголемените притисоци од САД да се излезе со наш конкретен предлог како и разочарувањето од настапот и на лидерот на најголемата партија на Албанците Али Ахмети при неодамнешната посета на Брисел при која и тој покажа дека нема идеи за надминување на проблемот.
Мислат дека Македонија индолентна е кон тоа, што тоа би предизвикало понатаму и тоа уште повеќе ги нервира како прашање на една негрижа за пошироки состојби на Балканот, отколку што е личната перцепција на Македонија моментална, затоа што едноставно се нема предлози

,,Мислат дека Македонија индолентна е кон тоа, што тоа би предизвикало понатаму и тоа уште повеќе ги нервира како прашање на една негрижа за пошироки состојби на Балканот, отколку што е личната перцепција на Македонија моментална, затоа што едноставно се нема предлози."

Изјави аналитичарот Хисен Рамадани. Сојузите постојат за да ги застапуваат интересите на своите членки па оттаму и Словенија којашто е во заедничкиот сојуз со Грција ги застапува интересите на ЕУ во насока на изнаоѓање конечно решение за името, додава професорката Мирјана Малеска Во таа смисла притисоците се зголемуваат и тие секако не може да се очекува да одат против волјата на Грција.

,,Притисокот е поголем врз нашата земја, врз власта со надеж дека послабиот ќе мора да го направи она што се бара од него, што мора да се направи."

Вели Малеска. ЕУ засега го нема поставено решавањето на спорот за името како услов за приближување кaко што тоа експлицитно се случи во контекст на зачленувањето во НАТО, изјави британскиот амбасадор во Македонија Кристофер Ивон.

,,Јас го гледам тоа како охрабрување за Македонија на патот на остварување на реформите, а во исто време би сакал што поскоро да видам решение за проблемот со името. Тоа не е работа на британската влада, туку се решава во рамки на ЕУ."

Тој очекува што ќе утврди есенскиот извештај на ЕК во врска со модредувањето датум за преговори од страна н аевропскиот совет во декември.
Ноемвриските настани коишто се важни за нашите евроинтеграции ќе бидат и последните наши искази за нашата определба да одиме напред или назад додаваат експертите.
XS
SM
MD
LG