Достапни линкови

Очекувања од Њујорк


Изјавите на државниот врв пред средбите во Њујорк не ни одат во прилог, коментираат експертите

Изјавите на државниот врв пред средбите во Њујорк не ни одат во прилог, коментираат експертите

Изјавите пред средбите во Њујорк дека Македонија е конструктивна, а Грција е неразумна, не одалечуваат од решение за името, коментираат експертите.

Нема ништо ново и невообичаено во изјавата на генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун дека ќе продолжи да прави се што е во негова моќ за хармонично решение на прашањето за името за кое оцени и дека има сериозни политички импликации, велат во македонското МНР, со оглед на досегашните заложби на посредникот во спорот за името Метју Нимиц и со оглед на неговите најавени активности, коишто според најавите треба да продолжат во рамките на Генералното Собрание на ОН.

На само неколку дена пред одржувањето на овие средби во Њујорк, Министерот Милошоски и вчера апелираше да се смогнат сили и двете страни да го надминат ова прашање за да
Такви изјави сметам дека помалку не оддалечуваат од решавање на спорот. Дека ние направивме клучни отстапки за промена на уставот и промена на името ДА, но од тогаш до ден денеска не верувам дека сме направиле некои крупни отстапки со што би покажале конструктивност во решавање на
спорот.
се овозможи процесот на евроинтеграции во регионот. Истовремено, барањата на Грција ги нарече нерационални и неразумни, откако како што рече Македонија има премногу платено со својот рационализам и прагматичност за да задоволи одредени национални, нерационални и националистички хирови од нејзина страна за да се дојде до некакво решение. Македонија не е таа кој ашто го кочи решавањето на проблемот, додаде Милошоски.

Министерот на надворешни работи Антонио Милошоски се поздравува со грчкиот шеф на дипломатијата Димитрис Друцас во Советот на Европа во Стразбург, на 11 мај

Воочи најавените средби во Њујорк ваквите ставови како да не оддалечуваат од решавање на спорот, коментираат експертите. Отстапките што Македонија ги направи во дееведесетите не се мали, вели професорот Ивица Јосифовиќ, но оттогаш наваму нашата конструктивност не се демонстрира на соодветен начин.

„Такви изјави сметам дека помалку не оддалечуваат од решавање на спорот. Дека ние направивме клучни отстапки за промена на уставот и промена на името ДА, но од тогаш до ден денеска не верувам дека сме направиле некои крупни отстапки со што би покажале конструктивност во решавање на спорот. Значи ние не сме во позиција воопшто да глумиме пасивност во спорот, затоа што решението нам ни е многу повеќе потребно отколку на Грција.“

Јосифовиќ очекува на средбите во Њујорк да биде ставено на маса новото решение на медијаторот коешто неофицијално се најавува Република Вардарска Македонија. Решението за нас како што додава, не зависи само од еден ваков предлог туку и од целиот пакет којшто ги прецизира гаранциите за идентитетот или поточно како тогаш ќе се нарекува нацијата. Македонските институции се воздржани околу очекувањата од средбите во Њујорк, а министерот за надворешни работи само рече дека тие се добра прилика за продолжување на македонско-грчкиот дијалог.

Премиерот Никола Груевски денеска во врка со евентуалната средба со грчкиот колега Папандреу изјави -

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG