Достапни линкови

Македонија е транзит, но и крајна дестинација на жртвите на развиениот синџир на трговија со луѓе.

Македонија, Косово, Албанија и Србија се транзит држави, но и земји на крајна дестинација на жртвите на развиениот синџир на трговија со луѓе, процес кој последните години зема замав во регионот. За решавање на овој проблем, треба да се јакнат капацитетите и механизмите на државите. Ова се само дел од заклучоците на невладините организации од регионот имплементатори на проектот:
Сега имаме жртви од Македонија, кои што се пренесува во други земји и исто така имаме жртви од Македонија кои се трафикувани во самата држава.
Граѓанските асоцијации како контролен механизам во борбата против трговија со луѓе во Западен Балкан. Оценка е дека Македонија треба да ги јакне кадровските и технички потенцијали на ова поле.

„Сега имаме жртви од Македонија, кои што се пренесува во други земји и исто така имаме жртви од Македонија кои се трафикувани во самата држава“, изјави Кристина Павлоски, програмски координатор на Центарот за граѓански инцијативи со седиште во Прилеп.

Проектот се спроведува веќе осум месеци и досега е констатирано дека значајна улога во откривање на жртвите имаат граѓанските организации, кои за жал немаат финансиска поддршка од државата.

Илустрација

„Уште ни еден денар од државниот буџет не е одвоен за тие програми, како ни во Македонија, колку што знам, така ни во Косово. Од друга страна странските донатори се повеќе излегуват од нашите земји, затоа што се подразбира дека државите треба да ја преземат
Уште ни еден денар од државниот буџет не е одвоен за тие програми, како ни во Македонија, колку што знам, така ни во Косово. Од друга страна странските донатори се повеќе излегуват од нашите земји.
одговорноста за тие програми“, вели Сандра Сљепчевиќ, од српската невладина организација „Атина“.

Додека во Македонија биле идентификувани 123, во Косово минатата година се откриени околу 300 деца од ромска националност, кои биле жртви на развиениот синџир на трговија со луѓе.

„Како и другите земји, Косово е транзит земја и бројот на жртвите е голем. Најчесто тоа се жртви од источна Европа, Молдавија, Србија, Бугарија, Албанија. Но, истовремено се зголемува бројот на локалните жртви“, истакна Фериде Рушити, од косовскиот Центар за рехабилитација.

Експертизата на проектот, за дизајнирање на методологијата ја спроведува Европскиот центар за јавно право од Грција. Иако оваа држава не е таргет на проектот, сепак ја засега овој проблем.

„Грција сега е земја на дестинација каде што пристигнуваат жртви од Источна Европа, но исто така и од Нигерија се повеќе. Жртвите најпрвин се идентификуваат од полицијата или од невладините организација кои работат на терен или кон нив пристапуваат жртвите“, посочи Паола Борги, од Европски центар.

Според извештајот од мониторингот на проектот во изминатите 8 месеци, на државите засега им се препорачува да формираат листа на стандарди за идентификација на жртвите, да биде финансиски поддржан граѓанскиот сектор, со директна економска помош за жртвите. Во рамките на проектот во септември ќе почне мониторинг на механизмите во секоја земја посебно. Проектот ќе трае заклучно со февруари идната година, кога треба да се добие комплетна слика за состојбите во регионот и пропустите во системите за спречување на овој синџир на трговија со луѓе.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG