Достапни линкови

logo-print

Исчезнувањето на две малолетнички и на момчиња од кумановско, го отворија прашањето за можна трговија со луѓе. Во Македонија, ноќните барови, бизнис-агенции и јавни куќи се најчестите локации во кои се откриваат жртвите на трговија со луѓе. Според податоците најчести жртви на овој криминал се млади девојки од 14 до 24 години, кои потекнуваат од семејства со низок животен стандард и од рурални средини.

Две малолетнички исчезнати, неизвесност каде се момчињата од кумановско, дилеми што е со судбината на Ангела, откриена нова група авганистанци кои транзитирале кон Грција, малолетнички подведени за проституција во тетовско-гостиварскиот регион, каде во баровите се сокриваат и бугарки, молдавки, романки. Во овој микс на разгранети форми на трговија со луѓе функционираат мафијашки
Сметаме дека би можело со подобра едукација, би можеле Центрите за социјална работа да идентификуваат жртви, потенцијални жртви, стручните лица во училиштата да идентификуваат и да препраќаат потенцијални жртви
организирани шверцери и ментори на еден од најопасните и нови видови на организиран криминал.

,,Криумчарањето на луѓе носи бизнис кој пред се бара организираност во неговото спроведување, тајност и уште еден елемент, меѓународен."

Вели криминологот Душко Стојановски.

,,МВР проблемот со трговијата со луѓе го третира крајно сериозно, а што е уште поважно со пружање на соодветен третман на жртвите."

Објаснува Иво Котевски. Полицискиот гласоговорник ги истакнува позитивните извештаи на Стејт Департментот за македонската борба против трговијата со луѓе и пресечување на познатите балкански канали за транзит. Ноќни барови, кафеани, бизнис-агенции и јавни куќи се најчестите локации во кои се откриваат жртвите на трговија со луѓе. Според статистичките податоци на невладините организации, најчести жртви на овој криминал се млади девојки од 14 до 24 години, кои потекнуваат од семејства со низок животен стандард и од рурални средини:

,,Најчесто станува збор за сексуални услуги. Ние кога откривме случајот во Чичино село каде беше злоупотребувана 14 годишна девојка, тој момент ние го активиравме и ОБСЕ. За жал институциите сеуште не преземаат доволно мерки."

Вели Љатифе Шиковска претседател на „Амбрела“ здружение го се занимава токму со оваа проблематика.
МВР проблемот со трговијата со луѓе го третира крајно сериозно, а што е уште поважно со пружање на соодветен третман на жртвите


,,Тој криминал е интерсен и неможе да се искорени до крај, факт е дека езистира и сеуште ќе егизистира."

Оценува Стојановски. Тој и Страшо Ангелески од Хелсиншкиот комитет велат дека најдобра превенција е информирање во локалните средини за методите и
социо-економските причини кои и погодуваат на оваа нов мафијашки бизнис.

,,Целокупната драма на трговијата со луѓе, дали е домашна трговија со луѓе, што де факто постои и кај нас, таа драма се одвива на локален план, значи тоа се самите локални актери. За жал таа синхронизираност на локален план во Македонија скоро и да не постои."
Изјави Ангелески.

,,Сметаме дека би можело со подобра едукација, би можеле Центрите за социјална работа да идентификуваат жртви, потенцијални жртви, стручните лица во училиштата да идентификуваат и да препраќаат потенцијални жртви."

Советува Јасмина Димишовска Рајковска од невладината „Отворена порта“, која неодамна доби награда од австриски „Ерсте“ за спроведено истражување околу трговија со луѓе.
XS
SM
MD
LG