Достапни линкови

logo-print

Засилени активности за борба против трговијата со луѓе


Неопходни се посинхронизирани активности на Невладиниот сектор и другите локални иниституции во Дебар во бообата против трговијата со луѓе. Реализирани се проекти околу оваа проблематика, но потребна е поголема координација на сите фактори, оценуваат надлежните.

Неопходни се посинхронизирани активности на Невладиниот сектор и другите локални иниституции во Дебар во бробата против трговијата со луѓе. Реализирани се проекти околу оваа проблематика, но потребна е поголема координација на сите фактори, оценуваат преставниците на невладините организации и надлежните институции во овој град. Во оваа насока неоходна е и имплементација на Македонската Национална стратегија и акциониот план за борба против трговијата со луѓе на локално ниво, е оценето на тркалезната маса што во Дебар ја организираше Хелсиншкиот Комитет со подршка на Американската амбасада во Македонија. Исмаил Мерсомовски од Центарот за Социјални работи и Илми Куртиши од НВО ,,Месечина,, велат дека има реализирани проекти, но неоходно е поголема активност и на локалната самоуправа. Мерсимовски вели дека особено активности на овој план има Женскиот центар со кој центарот
Идејата со овој проект финасиран од Американската амбасада во Скопје е зајакнувањето на свеста кај сите релаватни фактори актери во оваа милије кое се вика борба против трговија со луѓе, да се зајакне пристапот кон човековите права од сите актери, но и во сите фази на таа борба
има добра соработка. Со проектите се превземени поревентивни активности во насока како младите да ја препознаат трговијата со луѓе. Во Центарот има канцеларија за третирање на лица кои се жртви на оваа трговија, но тој додава дека треба да се има повеќе активности и од локалната власт во оваа проблематика. Претставникот на ,,Месечина,, Куртиши вели дека преку разни брошури се добиваат информации за преветивно делување но додава дека И локалната власт треба да има повеќе активности. Страшо Ангеловски од Хелсиншкиот Комитет наведува дека непходно е зајакнување на свеста кај сите релавантни фактори против трговијата со луѓе.

,, Проектот е насловен „Етабилирање на граѓанска контрола во борбата против трговијата со луѓе“. Ова незначи дека ние нешто ќе формираме некоја нова институција. Идејата со овој проект финасиран од Американската амбасада во Скопје е зајакнувањето на свеста кај сите релаватни фактори актери во оваа милије кое се вика борба против трговија со луѓе, да се зајакне пристапот кон човековите права од сите актери, но и во сите фази на таа борба. Ние сега нема да ја таргетираме само Националната комисија што е централно тело во државата која јаи ма главната одговорност туку идејата на проектот е со него да се зајакне цивилната компонента .Таа постои, но цениме дека е недоволна.“

Експертот по оваа проблематика Ангеловски ја изнесува оценката дека во земјава се неоходни активности за спречување на појавата. Според него со либерализацијата на визниот режим на македонските граѓани за Европа, можно е заголемување на оваа појава.

,,Во контекст на овие локални среди што ги организираме една од посебните под теми што ги лансирам е перспективата на потенцијални развои. Борбата против трговија со луѓе не е ништо друго туку борба за човековите права. Тоа е борба против организираниот криминал. Органиризаните криминалци туку како ќе ја искористат новата состојба, заради што од таа песпектива Македонија ќе биде дополнително ранлива и ќе имаме два нови потенцијални фронтови. Едната е поврзување на организирање на наши и страни криминалци и другата е потенцијалните жртви би биле од Македонија и сега ќе завршуваат како жртви во Западна Европа.“


  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG