Достапни линкови

logo-print

Присутен проблемот со трговија со деца


Македонија освен како транзитна земја, станува и дестинација и извор на трговија со деца, покажуваат истражувањата. Само во првата половина од оваа година обвинети се 11 лица за овој вид криминал.

Мајката која работела како дилер на дрога ја нудела ќерката на „клиентите“ што купувале дрога од неа, а во проституцијата се обидела да внесе и неколку другарки на девојчето. Мајка ја навела својата ќерка-осмоодделенка на проституција. Осмоодделенката е една од 11 те пријавени жртви за трговија со деца во Македонија, покажуваат истражувањата за минатата година на невладината организација „За среќно детство“.Само во првата половина од оваа година обвинети се 11 луѓе за 4 кривични дела – трговија со малолетно лице. Илија Јовановиќ од невладината „Градиме Иднина“ обвинува дека најмногу се тргува со новороденчина кои се напуштени од своите родители.

„Граѓани на Република Македонија, а кои живеат надвор од државата кои се заинтресирани да посвојат мали деца, новороденчиња, им барале мито од 15-25 илјади евра за добијат дете и самите посвоители се откажувале од таа идеа.“
Оваа бројка во овој момент е минимална, што незначи дека овој проблем треба да биде занемарен, туку напротив во секој момент треба да бидеме спремни односно Министерството да дејствува, затоа што овој проблем кога ќе достигне поголеми граници тогаш веќе многу тешко се сопира, имајќи ги примерите со Бугарија, Романија


Според извештајот на Стејт Департменот Македонија е на 27 место на светско ниво во борбата со овој вид на криминал. Истражувањето покажало дека освен како транзитна земја Македонија стана и дестинација и извор на трговија со деца. Криминологот Владимир Пивоваров вели дека бројот на жртви кај нас е значително помал во однос на соседните земји.

„Меѓутоа оваа бројка во овој момент е минимална, што незначи дека овој проблем треба да биде занемарен, туку напротив во секој момент треба да бидеме спремни односно Министерството да дејствува, затоа што овој проблем кога ќе достигне поголеми граници тогаш веќе многу тешко се сопира, имајќи ги примерите со Бугарија, Романија.“

Професорката Верица Трајкова која воедно е и претседател на невладината „За среќно детство“ вели дека најразвиена е внатрешната трговија со деца.

„Треба да се обрне големо внимание на внатрешната трговија. Трговците ги променија нинвните модуси.“

Децата во ваквиот вид на трговија најчесто се работно експлоатирани и сексуално злоупотребени. Ваквиот криминал најчесто најблиските на жртвите го пријавуваат во полиција.

„Дел од пријавите не толку често, но стигнуваат и од жртвите доколку тие успеат да изнајдат начин како да ја алармираат полицијата, а дел од сознанијата на полицијата доаѓаат и оперативно преку службите на МВР.“

вели потпаролот на МВР Иво Котевски. Како облици на трговија со деца експертите ги дефинираат и присилното питачење на децата, продажба на новороденчиња, сексуалната и работна злоупотреба и најсташното трговија со органи. Експертите препорачуваат позасилена полициска превенција и подобра рехабилитација на жртвите кои треба да продолжат со животот.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG