Достапни линкови

Дневен печат - „Младите вмровци славеа со кандило“


Весници, магазини, неделници...
Весници, магазини, неделници...

Дневниот печат изминативе денови најмногу се занимава со обраќањето на Груевски на Конференцијата на Унијата на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ. Време, во насловот пишува „Младите вмровци славеа со кандило“.

Вистинска бура во јавноста предизвика обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на Конференцијата на Унијата на младите сили на оваа партија.

Утрински забележува дека Груевски ги одмолчал обвинувањата од Георгиевски за бугарофилството на неговата партија и наведува дека премиерот настапил со својот препознатлив патриотски порив, критикувајќи го во истовреме и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски: „Настапот личеше на обланда“, пишува Утрински, „ред патриотизам, ред Црвенковски“.

Дневник ги апострофира зборовите на Груевски дека не постои таква сила што ќе натера два милиона граѓани да ги сменат името и идентитетот, исто како и Вечер кој ги извлекува зборовите дека „народот е господар на овој простор и тој одлучува за името и за идентитетот“.

Народот е господар на овој простор и тој решава за името и идентитетот.
Време, во насловот пишува дека „Младите вмровци славеа со кандило“, поентирајќи ја драмската претстава со која младите биле потсетени колку верата и историјата и се важни на државата. Време, во друго издание, пишува дека јавноста била згрозена од прославата на младите вмровци и дека тие биле во библиски занес.

Вечер, на насловната, ја објавува изјавата на премиерот, некој ден по говорот во Универзалната сала, со која ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека со настапот дефинитивно кренал раце од преговорите со Грција.

Време, Утрински и Дневник го забележаа исклучувањето на Филип Петровски од Обединети за Македонија, ставајќи нагласка врз неговите зборови дека лидерот на таа партија има сомнителни финансиски зделки со Косово.

Штабот на Вмро дпмне во Скопје


Само Утрински информира за Осмиот конгрес на Сојузот на борците на Македонија, нагласувајќи ја загриженоста на борците-учесници во НОБ за вкупните состојби во државава и за забавените евроинтеграциски процеси на Македонија.

И некаде на маргините на информациите за политичките случувања во државава, електронските изданија на весниците пишуваат за последните податоци на Државниот завод за статистика дека индустријата повторно бележи високи проценти на пад и дека нема спас од продолжена рецесија.

Дневник забележува дека со најниските плати и со најниската куповна моќ во регионот, македонските граѓани ја губат битката за економски стандард со другите жители на поранешните југословенски републики.

Алфа ТВ во средата објави информација дека Министерството за транспорт и врски ќе прави рекламна кампања за своето работење, која што ќе чини неколку стотици илјади евра, а дека тендерот повторно го добила агенцијата „Република“, која во последниве четири години ги добива речиси сите тендери на владините министерства и која ја правела предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2006 година.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG