Достапни линкови

Евроинтеграцијата да не се ограничи на национално прашање


Учесниците на регионалната конференција во Битола

Учесниците на регионалната конференција во Битола

Министерот за одбрана Зоран Коњаноски на денешната конференција за НАТО интеграциите на Југоисточна Европа што се оддржува во Битола со порака дека интегрирањето во НАТО не би требало да се ограничи на национално прашање. Останатите министри за одбрана од регинот изразија надеж за скоро решение на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

Евроатланската интеграцијата не би требало да се ограничи на национално прашање туку да се сведе на регионално и глобално бидејќи и импликациите кои произлегуваат од неа ги надминуваат националните рамки и претставуваат влог во регионалната и глобална стабилност. Ова го порача македонскиот министер за одбрана, Зоран Коњаноски, на Регионалната конференција за НАТО интеграции на Југоисточна Европа која се оддржува во Битола.
Не може единствено да очекуваме само полза од членството во НАТО, треба да разбереме од друга страна дека треба да дадеме нешто, да инвестираме нешто.


„Јасната порака која што провејуваше во нашите дискусии е дијалогот и соработката, несебичноста, размената на искуствата и помагањето. Сите патишта се различни, но сите патишта водат кон еден главен пат, евроатлантските токови.“

Иако навреме поканета, Грција не испрати свои претставници на конференцијата. Останатите министри за одбрана од земјите во Југоситочна Европа изразија дадеж за скоро решавање на спорот со името и влез на Македонија во НАТО. Љубица Јелушиќ, министер за одбрана на Словенија, порача дека за евроатланско членство некогаш земјите треба и да дадат нешто за возврат.

„Не може единствено да очекуваме само полза од членството во НАТО, треба да разбереме од друга страна дека треба да дадеме нешто, да инвестираме нешто. Неможе да постојат било какви радикализации или радикализам кога станува збор за изнаоѓање на решенија на
Сите патишта се различни, но сите патишта водат кон еден главен пат, евроатлантските токови
прашањата. Да се фокусираме на мирни и разумни решенија.“
Министерот за одбрана Зоран Коњаноски во посета на македонските војници во Авганистан на почетокот на април

Покрај македонското, се дискутираше и за косовското прашање за евроинтеграција. Освен Србија која остана на ставот дека не го признава суверенитетот на Косово, другите сметаат дека без оваа земја нема целосно вклучување на балканскиот регион во НАТО и регионална стабилност.

„ЕУ и НАТО нема да бида потполни без Косово. Косово мора да стане членка на Европа, онаму каде што припаѓа“, изјави албанскиот министер за одбрана Арбен Имами.

Државниот секретар на Србија, Зоран Јефтиќ со поинаков став.

„Србија не го признава независниот статус на Косово, меѓутоа важно е Србија да користи дипломатски средства, политички средства, правни средства со цел да го заштити својот суверенитет и многу е важно ова прашање да го ставиме на маса и да разговараме за тоа.“,

Турскиот министер Веџди Ѓонул мораше итно да се врати во Турција поради сложената ситуација во појасот Газа. Министрите упатија порака за мирно решавање на проблемот.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG