Достапни линкови

Турција на страната на Македонија во спорот за името


Знамето на Турција
Знамето на Турција

Турскиот амбасадор во Македонија Арслан Хакал Окчал во рамки на прошталната посета пред собраниската Комисија за надворешни работи изјави дека секоја земја има право да се нарекува како што сака. Тој рече и дека Турција е на страната на Македонија во спорот за името.

Македонија има право да се вика како што сака и ако одлучи да го смени тоа ние ќе ја подржиме. Ова го изјави турскиот амбасадор во заминување, Арслан Хакал Окчал на собраниската седница на Комисјата за надворешна политика. Тој додаде дека Турција ќе остане верен подржувач на Македонија за членството во НАТО и Европската Унија, како и во однос на спорот за името затоа што како што вели секоја земја има право да се нарекува како што сака.
Македонија има право да се нарекува Македонија. Овој регион отсекогаш се викал Македонија, не само сега, туку и во минатото. Поради тоа земјата има свое право да се вика Македонија и ќе го поддржиме тоа
право.


„Македонија има право да се нарекува Македонија. Овој регион отсекогаш се викал Македонија, не само сега, туку и во минатото. Поради тоа земјата има свое право да се вика Македонија и ќе го поддржиме тоа право, се додека Македонија не се реши за друго име, ако така одлучи.“

Амбасадорот Окчал вели дека турската и македонската надворешна политика ја делат истата страна односно страната на легитимноста и меѓународното право.

„Нашата надворешна политика се базира на вредности, а не на специфични настани, ние се држиме до нашите вредности и принципи и така им приоѓаме на земјите. Затоа ние го признавме Израел, затоа сме на страна на Македонија во спорот со името, затоа сме активни во другите региони како Кавказот и слично. И знам дека ваква е и политиката и на Македонија, затоа што сите земји треба да се базираат на вредности.“
Секако ни е интересна политичката филозофија во надворешната политика која се базира на логиката „нула проблеми со
соседите“.
Арслан Хакал Окчал

Претседателката на Комисијата за надворешни работи, Теута Арифи вели дека Турција е земја инвеститор за стабилноста на регионот.

„Секако ни е интересна политичката филозофија во надворешната политика која се базира на логиката, „нула проблеми со соседите“, водејќи се од идејата за да имате влијание во глобалните светски рамки секако дека најпрво треба да немате проблеми со вашите соседи.“

Комијата за надворешни работи го осуди насилството, изрази жалење и загриженост за инцидентот во кој беа инволвирани израелските воени сили и конвојот со хуманитарна помош предводен од турски брод за Појасот Газа.

Својата проштална средба со членовите на собраниската Комисијата за надворешна политика, Окчал ја искористи да ги претстави турските позиции по последниот инцидент во Средоземното Море. Окчал рече дека Турција бара, заробените бродови веднаш да бидат ослободени, Израел да се извини за инцидентот и да обезбеди обештетување на семејствата на загинатите, како и, доколку е потребно, да се покрене меѓународен судски процес. Арслан Хакан Окчал во следните неколку недели ја завршува амбасадорската мисија во Македонија.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG