Достапни линкови

Без решен спор нереален влезот во ЕУ и НАТО


Власта изминативе денови изразува очекување дека до крајот на шпанското претседателство, ЕУ би можела да одлучи Македонија да ги почне преговорите за членство во Унијата. Аналитичарите велат дека ваквата владина стратегија е нерална без решение на спорот за името, додека за опозицијата, ваквите изјави на владата се алиби по критиките за застој на евроинтеграциите.

Опозицијата и дел од експертската јавност велат дека очекувањата на Владата дека Македонија може да влезе во НАТО и да ги почне преговорите за членство во ЕУ без решен спор за името, а поради тоа што евроинтеграциите на Македонија може да станат проблем што ги надминува локалните рамки, се нереални. Високи владини претставници во изминативе два дена изразија очекување дека, до крајот на шпанското претседателство, би можело, ЕУ со консензус да одлучи Македонија да ги почне преговорите за членство во Унијата и дека
Мој впечаток е, моја проценка е дека македонската влада со повторување на истата стратегија за која сите знаеме дека беше неуспешна сака да добие време на домашната политичка сцена.
прашањето за евроинтеграциите на Македонија не е само национално, туку и регионално и глобално прашање.

Професор Стево Пендаровски вели дека оваа владина стратегија не е нова. Македонија се обидуваше, со истава политичка стратегија, да влезе во ЕУ и минатиот декември, вели Пендаровски, и не успеа затоа што и во ЕУ го има истиот консензус како и во НАТО, дека без решен спор не може да почнат преговорите за членство.

„Ова сега е само репетиција на истата стратегија која беше неуспешна на почетокот на минатиот декември. Мој впечаток е, моја проценка е дека македонската влада со повторување на истата стратегија за која сите знаеме дека беше неуспешна сака да добие време на домашната политичка сцена, инаку е апсолутно јасно дека надворешно неможе да направи никаков пробив со ваков настап.“

Пратеникот Андреј Жерновски одЛДП, пак, вели дека изјавите за можен влез во НАТО и преговори за членство во ЕУ без решен спор со Грција треба да покажат дека Владата нешто работи на тоа поле, по критиките за застој во реформите кои дојдоа од некои европретставници.
Е сега овде се нуди за да се ,,замачкаат" очите на граѓаните, некаков концепт кој што неприфатлив, кој што е сосема јасно дека ЕУ ниту го има во својата агенда, туку едноставно ете да се каже дека владата нешто
работи.


Антонио Милошоски

„Е сега овде се нуди за да се „замачкаат“ очите на граѓаните, некаков концепт кој што неприфатлив, кој што е сосема јасно дека ЕУ ниту го има во својата агенда, туку едноставно ете да се каже дека владата нешто работи, дека сеуште европската агенда е присутна на дневниот ред на владата, а јас сум сигурен дека тоа е одамна завршено.“

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, вчера во Сараево, рече дека на Грција треба да и се даде шанса, „она што реторички го најавува како „Агенда 2014“, со свои дела и постапки да покаже дека е навистина реален проект“. Ако проектот е реален, тогаш Македонија е прва земја која што би можела да биде дел од таа успешна приказна, рече Милошоски.

„Таа успешна приказна би можела да почне овде во Сараево или до крајот на шпанското претседателство со една одлука која би се донела со консензус дека Македонија треба да ги почне преговорите за членство.“

Министерот за одбрана Зоран Коњаноски, пак, на завчерашната Конференција за НАТО интеграциите на Југоисточна Европа што се оддржува во Битола изјави дека импликациите кои произлегуваат од застојот на македонските евроинтеграции не се однесуваат само на Македонија. Коњаноски смета дека влезот на Македонија во НАТО ќе ја потврди кредибилноста на оние земји што се интегрирале и ќе им се испрати позитивен сигнал на земјите кандидати и оти на тој начин се вложува и во регионалната и глобалната стабилност.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG