Достапни линкови

Хашките случаи „закана“ за меѓуетничките односи?


Скопје
Скопје

Судските процеси како Бродец, Сопот или Хашките случаи и натаму ги брануваат односите, како на меѓупартиски, така и на меѓуетнички план. Во која мерка тие ќе ги нарушат односите во коалицијата и меѓуетничките односи се уште не може да се предвиди, но ставот на ДУИ е познат, за Хашките случаи треба да се почитува законот за амнестија.

Предмет на договор или на повремени притисоци врз помалиот коалиционен партнер во Владата, но сигурно веќе подолго време камен врз нозете на коалицијата, отварањето на хашките случаи, како и судските процеси за случаите Сопот и Бродец и сега ги брануваат односите на меѓупартиски и меѓуетнички план. Во која мерка тие ќе ги нарушат односите во коалицијата и меѓу етничките заедници се уште не може да се предвиди. Ставот на ДУИ е познат, треба да се почитува Законот за амнестија донесен пред осум години за хашките случаи, а што се однесува до останатиоте судски случаи судовите треба да одлучат според аргументите што се донесени од страна на
Било каков проблем што го имаме мораме да ги решаваме тие проблеми превентивно, навреме, за да не доаѓаме во ситуации каде што ќе имаме реакции надвор од нашата коалиција.
Анкетната комисија. Тахир Хани од ДУИ вели дека сите проблеми што можат да предизвикаат и пошироки имликации треба да се решаваат меѓу коалиционите партнери и навреме.

„Било каков проблем што го имаме мораме да ги решаваме тие проблеми превентивно, навреме, за да не доаѓаме во ситуации каде што ќе имаме реакции надвор од нашата коалиција.“

Владо Бучковски од СДСМ вели дека ДУИ е заложник на поголемиот коалиционен партнер во Владата и во врска со овие случаи.

„На дневна основа ДУИ се наоѓа во подредена позиција се со цел да бидат условно речено „изгубени во преводот“ другите три Хашки случаи што не се отворени, а калкулирањето со конкретниот случај со „Мавровските работници“ веројатно е постојано дел од агендата на договорите меѓу Груевски и Ахмети.“

Од Нова демократија велат дека за хашките случаи треба да се примени законот з аамнестија и нивното отворање го сметаат за кршење на законост но и за опасност по како што велат и онака нарушените меѓуетнички односи во изминатава година. Сепак, што се однесува до коалицијата тие се сомневаат дека и во овој слулчај станува збор за соработка меѓу партнерите во Владата.
Конкретниот случај со „Мавровските работници“ веројатно е постојано дел од агендата на договориме меѓу Груевски и Ахмети.


„Ако имало некакви проблеми меѓу коалицијата тие сигурно дека досега ќе го искажаа незадоволството, а штом самите пратеници на ДУИ изгласаа иземање на имунитетот на нивните пратеници тоа покажува дека тие соработуваат многу добро со ВМРО ДПМНЕ“, вели Аријанит Хоџа од Нова Демократија.

За политикологот Здравско Савески, овие судски случаи се голем камен на кој може да се сопне македонското кревко мултиетничко општетсво, а кој што е непотребно создаден со враќањето на овие случаи од Хаг. Сега, вели Савевски, треба да се внимава не само на правната издржаност туку и на конкретната политичка констелација.

„Во прилог на меѓуетничките односи во мешана етничка средина некогаш треба да се направи отстапка која за жал е и на штета на правните процеси.“
XS
SM
MD
LG