Достапни линкови

logo-print

Совет на албански организации бара „правдина“


Советот на албански организации, во кој се здружија повеќе албански невладини организации и индивидуални граѓани најавува протест во знак на револт од наводната дискримнација кон одреден дел од населенито во Македонија. Тие најавуваат дека меѓу другото ќе бараат прекинување на судските процеси за случајот Бродец, Сопот и Хашките случаи.

Советот на албански организации под мотото „За правдина“ ќе одржи протест на 10 мај во Скопје. Тие ќе протестираат бидејќи се незадоволни од отежната и загрижувачка политичка ситуација во Македонија, како резултат на судските и владини одлуки кои изразуваат отворена државна неправда и дискриминација кон одреден дел на населението.
Целта за организирање на протестот е да се побра итно прекинување на монтираните судски процеси и ослободување на осудените во таквите случаи како Бродец, Сопот и Хашките случаи.

„Целта за организирање на протестот е да се побра итно прекинување на монтираните судски процеси и ослободување на осудените во таквите случаи како Бродец, Сопот и Хашките случаи. Итно прекинување на политиките и дискриминацијата врз етничка и религиозна основа во економијата, културата, образованието, како што е проектот „Скопје 2014“, со службената употреба на албанскиот јазик, употребата на националните симболи и поделбата на буџетот“, вели координаторот на советот Ваљон Бела.

Тие се уште не оствариле средби со албанските политички партии, а нивна поддршка ќе бараат во наредните денови. Советот не треба да протестира за вакви барања, туку треба да бара одговорност од албанската партија на власт, вели Сулејман Рушити од Нова демократија.

„Албанците имаат една адреса. Албанците неколку пати со мнозинство гласаа и го поддржуваа ДУИ и затоа треба од ДУИ да бараат истите барања по институционален пат да ги решат, значи треба да се дефинира адресата, треба да се дефинира кој добил поддршка и од него да се бараат резултатите.“
Итно прекинување на политиките и дискриминацијата врз етничка и религиозна основа во економијата, културата, образованието.


Во последниов период сме свесни дека има меѓуетничка тензија која е поврзана со спорот со името со Грција, вели Ермира Мехмети од ДУИ. Ние сметаме дека целокупната националистичка кампања ќе заврши кога ќе се реши спорот. Некои од проблемите за кои ќе биде протестот се пред ДУИ да стане дел од владината коалиција и ние се обидуваме да ги решиме, вели таа.

„Во принцип, станува збор за политички теми кои што треба да се решат со заедничка воља за да се надминат, а сепак заедничкиот именител на целокупното комплицирање на меѓуетнички односи се поврзува со нерешениот спор околу името.“

Советот е формиран во минатата недела и во него членуваат над 40 албански невладини организации и групи на граѓани од целата земја.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG